(Видео) Детали за апсењето на Асанж

Британската полиција денеска го уапси основачот на Викиликс, Џулијан Асанж во Амбасадата на Еквадор во Лондон.

Скотланд Јард соопшти дека дека бил поканет во Амбасадата од страна на еквадорскиот амбасадор, откако неговата земја го укинала азилот на Асанж, јави Би-Би-Си. Тој ќе остане во притвор во централната полициска станица во Лондон, додека да се појави во судот на Вестминстерски Магистрати „што е можно побрзо“, се додава во соопштението.

Претседателот на Еквадор, Ленин Морено изјави дека го укинал азилот на Асанж поради неговите постојани прекршувања на меѓународните конвенции.

Викиликс на Твитер објасни дека Еквадор нелегално дејствувал при укинувањето на политичкиот азил на Асанж „и го прекршил меѓународното право“.

Секретарот за надворешни работи Џереми Хант и се заблагодари на Владата на Еквадор за соработката во врска со апсењето.

Хант на Твитер напиша дека Асанж не е „херој“ и оти „никој не е над законот“.

Министерот за внатрешни работи Саџид Џавид на Твитер потврди дека Асанж сега е во полициски притвор и се соочува правдата во Велика Британија.

Асанж (47) одби да ја напушти Амбасадата, тврдејќи дека ќе биде екстрадиран во САД за сослушување во врска со активностите на Викиликс.

Министерот за надворешни работи на Велика Британија Алан Данкан, рече дека апсењето следувало по „обемен дијалог“ меѓу Велика Британија и Еквадор.