Москва се надева дека правата на Асанж ќе бидат почитувани по неговото апсење


 

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков изјави дека се надева оти сите права на основачот на „Викиликс3 Џулијан Асанж, кој денеска е уапсен во Лондон, ќе бидат почитувани.

„Ако наводите во медиумите се точни, тој е упасен во Лондон, така што немам што повеќе да додадам. Ние се надеваме, секако, дека сите права ќе бидат почитувани“, рече Песков одговарајќи на прашање на новинарите дали Русија е подготвена да му даде азил на Асанж. пренесе Тасс.

Асанж (47) денеска е уапсен во амбасадата на Еквадор, откако владата на таа земја му го укина азилот.

Во еквадорската амбасада Асанж живееше од 2012 година, кога избегна испорачување во Шведска, која го товареше за сексуална злоупотреба.

Асанж ги негираше обвиненијата, стравувајќи дека Шведска ќе го предаде на властите на САД за да се соочи со нивните обвиненија за обелоденување воени и дипломатски документи.