(Видео) „Циклонска бомба“ го погоди Колорадо, повикана и Националната гарда


 

Снежна бура зафати поголемо подрачје на сојузната американска држава Колорадо, од Карпестите планини до Големата рамнина, поради што гувернерот ја активира Националната гарда.

Американската метеоролошка служба предупреди дека снежната бура, следена со силни удари на ветар од Колорадо до Минесота и претставува ризик по животите на жителите, пренесе „Ројтерс“. Бурата е квалификувана како „циклонска бомба“ и може да предизвика поплави.

Во Колорадо, во некои делови, во вторникот температурите се искачија до 30 степени Целзиусови, за следниот ден да паднат во некои места, на минус еден степен Целзиусов.

Снегот, како што наведуваат американските медиуми, паднал во одредени делови ан Колорадо, Вајоминг, Јужна и Северна Дакота, Минесота и Висконсин, а снежната прекривка некаде е висока и до 30 сантиметри