Собир во Мелбурн за поддршка на муслиманската заедница


Мелбурн – Илјадници луѓе се собраа во Мелбурн, Австралија, за да изразат поддршка за муслиманската заедница по вчерашниот напад во две новозеландски џамии, при што загинаа 49 лица, а десетици се повредени. Учесниците на собирот читаа молитви во спомен на жртвите, изразувајќи солидарност. – Тоа што се случи во Крајстчрч беше тероризам. Убијците се терористи. […]

Најмалку 24 загинати во циклон во Зимбабве


Хараре – Најмалку 24 лица загинаа, а околу 40 се водат како исчезнати во источниот дел на Зимбабве, по налет на циклонот „Идаи“, кој исто така претходно ги погоди Мозамбик и Малави, соопштија властите во Хараре. Војската е веднаш испратена на местото на инцидентот во потрага по преживеани жители и расчистување на теренот. Неколку илјади […]

Стотина уапсени и 11 повредени на протестите на „жолтите елеци“


Париз – Најмалку 94 лица се уапсени, а 11 се повредени во судир со полицијата на денешните протести на „жолтите елеци” во Париз. Цел на демонстрантите повторно беа продавници за луксузни стоки во близина на Триумфалната порта, а судирите со полицијата се случија кога демонстрантите почнаа да фрлаат димни бомби и камења врз полициските службеници. […]

Фирми во Британија веќе воведуваат четиридневна работна недела


Низа мали британски компании воведоа четиридневна работна недела за своите работници, како дел од сегашните идеи дека помалку работа може да донесе поголема продуктивност и подобра рамнотежа помеѓу животот и работата Затоа, се повеќе и повеќе работодавачи експериментираат со давање три слободни денови неделно на своите работници додека ја задржуваат истата плата. Во изминатата половина […]

Робот-новинарство се повеќе популарно во редакциите


Бот наречен Тоби генерираше речиси 40.000 новински написи за резултатите од швајцарските избори во ноември 2018 година за медиумскиот гигант Тамедија за само пет минути. Видови вештачка интелигенција, како што се ботови (софтверски роботи), се достапни скоро десет години и се повеќе се користат во новинските куќи за пишување статии, персонализирана испорака на вести и […]

Главниот обвинител на Њујорк бара казна за Трамп од 5,6 милиони долари


Главниот обвинител на државата Њујорк, Летиша Џејмс, рече дека американскиот претседател Доналд Трамп треба да биде казнет со 5,6 милиони долари. Нејзиниот мотив е дека Трамп ја искористил својата хуманитарна фондација за поддршка на неговата изборна кампања. -Трамп ја навел фондацијата постојано да влегува во трансакции кои се само-тргувани и да ги координираат незаконско со […]

Хан: Популистите никогаш ништо не направиле


Европскиот комесар за проширување на Европската унија, Јоханес Хан, ги повика граѓаните на земјите-членки на ЕУ да размислуваат „европски” на изборите за Европскиот парламент и оцени дека популистите никогаш досега не направиле ништо добро. -Не ми е познато дека некое популистичко движење некогаш донело нешто (добро). Во најдобар случај, ништо не се случува и, како […]

Хистерија пред судницата: Луѓето со нож го нападнаа Тарант


Австралиецот Брентон Тарант(28), кој во петокот изврши терористички напад врз две џамии во новозеландскиот град Крајстчрч и уби 49, а рани 40 муслимански верници, е изведен пред суд. Судењето е затворено за јавност, само акредитирани новинари имаат пристап. И покрај тоа огромен број луѓе се собраа пред судницата. Дел од нив извикуваа дека обвинетиот треба […]

Трамп го стави првото вето


Американскиот претседател Доналд Трамп го стави првото вето по неговото стапување на функцијата во Белата куќа. Трамп ја отфрли одлуката на Конгресот со цел да обезбеди средства за изградба на ѕид долж границата со Мексико. – Имам обврска да ставам вето на таа одлука, истакна американскиот претседател од Овалниот кабинет. Сенаторите вчера, меѓу кои и […]

Анкета: Се повеќе католици во САД размислуваат за напуштање на црквата


Повеќе од една третина од американските католици поради педофилската криза во Католичката црква размислуваат да ја напуштат црквата, што е многу поголем број од тој во текот на последниот скандал, покажува најновото истражување на Галуп. Според анкетата дури 37 отсто од американските католици одговориле дека не сакаат да бидат дел од Католичката црква, што е […]

Анкета: Меркел се попопуларна


Расте популарноста на германската канцеларка Ангела Меркел, којавлегува во последната фаза од својот мандат, покажуваат резултатите од најновата анкета на „Дојчландтренд“ по нарачла на „Велт“ и АРД. Додека рејтингот на нејзината наследничка на лидерската позиција на Христијанско демократска унија (ЦДУ) Анегрет Крамп-Каренбауер бележи пад. Околу 52 проценти од Германците изјавиле дека се задоволни или многу […]

Австралискиот терорист Тарант работел како приватен тренер во теретана


Брентон Тарант, кој во џамија во Нов Зеланд уби 49 лица, работел во теретана „Big River Gym“ во Нов Јужен Велс во Австралија, две години откако го завршил школувањето. Дал отказ од работа и заминал на пат низ Европа и Азија. Бил многу загреан за работата и работел дури и бесплатни тренинзи за деца. Неговите […]

Напаѓачот од Нов Зеланд повикува на ликвидација на Меркел и Ердоган


Брентон Тарант кој изврши вооружен напад во џамии на Нов Зеланд, во својот манифест повикува на убиство на политичарите кои се „непријатели на европските земји“, а на врвот на неговата листа е германската канцеларка Ангела Меркел. Покрај Меркел, на неговата листа се наоѓа и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, како и градоначалникот на Лондон, […]

Системот на ЕУ против дезинформации ќе почне со работа од следната недела


Системот на ЕУ превенирање дезинформации ќе почне со работа в понеделник, соопшти денеска Европската комисија. Во новиот систем ќе има претставници од секоја земја, членка на ЕУ, кои ќе собираат податоци од јавни извори за постоење дезинформациски кампањи, без разлика каде се наоѓа изворот. Системот за брзо предупредување (Рапид алерт систем“ – РАС) е дел […]

„Ер Њу Зиланд“ откажа најмалку 17 летови од Крајстчрч поради безбедносни причини


Новозеландскиот национален авиопревозник „Ер Њу Зиланд“ откажа најмалку 17 летови кон и од градот Крајстчрч, истакнувајќи дека не може да спроведе безбедносни проверки на патниците и нивниот багаж. Авиопревозникот соопшти дека летовите на некои помали авиони кои патуваат регионално се откажани, додека поголемите авиони ќе продолжат со слетување и полетување согласно безбедносните проверки кои веќе […]

Стабилизаторот на авионот кој се урна во Етиопија во чудна состојба, пилотот барал итно слетување


Пронајдениот дел од стабилизаторот на урнатиот авион на „Етиопиан ерлајнс“ во Етиопија бил во слична чудна положба како и кај авионот на компанијата „Лајон ер“, кој се урна минатата година, соопштија денеска истражувачите. Етиопскиот тим истражувачи пристигна во Париз каде моментално се прегледуваат црните кутии. Позицијата на стабилизаторот, кој ја движи хоризонталната опашка на авионот […]

Столтенберг и Могерини остро ги осудија нападите на Нов Зеланд


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, во име на ЕУ денеска остро ги осудија нападите во двете џамии на Нов Зеланд, при кои, според последните податоци, загинаа 49 лица. – НАТО стои зад нашите пријатели и партнери од Нов Зеланд во одбраната на отвореното општество и заштитата на […]

(ВИДЕО) Апсењето на терористот од Нов Зеланд, полицијата успеа да го спречи бегството


Терористот Брантон Тарант, кој во новозеландскиот град Крајстчрч уби над 40 лица, беше уапсен од страна на полицијата во моментите кога се обидуваше да побегне со својот автомобил. На интернет се појави снимка од моментите кога полицијата го апси напаѓачот, а судејќи по видеото, Тарант по масакрот во џамијата се вдал во бегство, но полицискиот […]

Германската телевизија ЗДФ тврди: Политичарите и мафијата во Албанија се тесно поврзани


Албанската мафија е многу активна и нејзината активност се протега низ цела Европа, се наведува во репортажа емитувана на германската телевизија ЗДФ. Телевизискиот канал тврди дека борбата против трговијата со дрога во Албанија е со ниска ефикасност и покрај помошта на италијанските власти, а причина е „високото ниво на корупција во полицијата и поврзаноста на […]

Британската антитерористичка полиција понуди помош на колегите во Нов Зеланд


 Британската антитерористичка полиција е подготвена да им помогне на своите колеги во Нов Зеланд да го истражат нападот во две џамии во таа земја, во кои се убиени 49 лица, изјави британскиот командант на антитерористичката единица Ник Басу. – Нашата мрежа на антитерористички полицајци ќе биде подготвена да ги поддржи нашите колеги во Нов Зеланд во […]