Обвинетиот го призна убиството на словачкиот новинар Јан Куцијак


Обвинетиот Мирослав М. призна дека минатата година го убил словачкиот новинар Јан Куцијак, објави денеска словачката телевизија РТВС, повикувајќи се на полициски извори.

Мирослав М. признал во текот на испитувањата во Националната криминалистичка агенција дека пукал во Куцијак и неговата вереница.

Убиството на Куцијак, истражувачки новинар кој известувал за корупција, и неговата вереница Мартина Куснирова, минатата година предизвика бројни протести кои доведоа до оставка на премиерот Роберт Фико.