Џулијан Асанж се соочува со казна затвор од пет години


Од Министерството за правда на САД соопштија дека Џулијан Асанж, основачот на Викиликс, може да се соочи со пет години казна затвор ако се докаже неговата вина. Во меѓувреме, Асанж се изјасни дека не е виновен затоа што не се јавил во полиција, објави Гардијан.
Имено, од Министерството за правда на САД потврдија дека издадено е барање за екстрадиција за Џулијан Асанж во врска со федералното обвинение дека заедно со организирана група работел на провалување во компјутерите на Владата на САД за да дојде до доверливи податоци.
Поточно, се наведува дека Асанж бил вклучен во акција на хакирање на пристапните шифри на компјутерите на Министерството за одбрана на САД, а исто така соопштено е дека во оваа акција му помагал Чарлс Манинг, поранешен воен аналитичар.
Во соопштението се наведува и дека во четврток отпечатени се судските документи и дека обвинението се однесува на наводната улога на Асанж во една од најголемите компромитирачки доверливи информации во историјата на САД.
Во изјавата на министерството за правда на САД се тврди дека Џулијан Асанж ќе се соочи со само пет години затвор ако биде осуден.