Купил пропадната компанија за 26 центи и ја претвори во лидер во авио-индустријата


Извршниот директор на нискобуџетната авио-компанија „Ер Азија“, Тони Фернандез, е еден од претприемачите кој успеа целосно пропаднат бизнис да го крене на нозе.

Токму поради тој потфат ја заработил титулата „крал на трансформациите“. Откако изградил успешна бизнис кариера во дискографската куќа „Ворнер мјузик“, овој успешен претприемач се одлучил на целосна промена на кариерата.

Така, тој во 2001 година со својот нов бизнис партнер Камарудин Меранун, за еден малезиски рингит (околу 26 центи) купил пропадната авиокомпанија.

Под негово водство, само во минатата година, „Ер Азија“ остварила профит од 10,6 милијарди малезиски рингити, односно околу 2,86 милијарди долари.

Исто така, ја зголемил и целата работна флота накомпанијата. Пред неговото доаѓање, оваа компанија располагала со два авиони и вработувала 100 лица, за денеска да има интернационална мрежа од 20.000 работници и 250 авиони.

Квалитетот на неговата работа го потврди и неодамнешното именување на „Ер Азија“ за најдобра светска нискобуџетна компанија.

Како тајна на својот успех го истакнува скриениот талент за пронаоѓање на најдобрите луѓе. „Барам луѓе кои ‘гризат’, кои се желни за успех“, изјави тој.