Најголемата индустриска шпионажа досега – краделе доверливи податоци со години


Поранешните кинески работници во холандската корпорација “ASML” украле голем број корпоративни тајни, предизвикувајќи штета од неколку стотици милиони евра.
Ова е напишано од холандскиот финансиски весник “Het Financieele Dagblad (FD)”, врз основа на сопствената истрага.
ASML е еден од водечките светски производители на опрема за конструирање чипови.
Кинески работници, вработени на високи позиции, кои имале врски со Министерството за наука и технологија на Кина, со години имале пристап до податоци во внатрешната мрежа на американската подружницата на холандскиот гигант во Сан Хозе, од каде што ги краделе изворните кодови, софтвер, маркетинг стратегиите за пласман и тајните инструкции за користење на опремата.
Кражбата ја организирала ривалската компанија XTAL, која била основана во 2014 година од поранешниот кинески вработен во ASML, а со текот на времето уште неколку кинески работници се префрлиле од холандската во конкурентската компанија, која за многу кратко време успеала да ги искористат предностите од украденото знаење и во само една година им ги презема на холанѓаните големите потрошувачи, меѓу другите и електронскиот гигант Samsung.
Калифорнискиот суд изрече пресудата на крајот на 2018 година, што до сега помина во голема мера незабележано од медиумите, според кој компанијата конкурентна на холандската компанија треба да и исплати 223 милиони евра отштета.
Според холандскиот финансиски весник, кинеската влада индиректно е вклучена во индустриската шпионажа, иако ASML нема цврсти докази за ова.
Еден од извештаите на таа листа, сепак, покажува дека матичната компанија на компанијата основана во 2014 година, ужива финансиска поддршка од Кина со цел остварување на што посилна позиција на светскиот пазар на чипови.
Штетата од неколку стотици милиони евра нанесена на холандската компанија ASML, со седиште во Фелдховен, во јужниот дел на Холандија, ја прави ова најголемата кражба на индустриска шпионажа од кога и да е.