Нетанјаху се поблиску до петтиот премиерски мандат


Израел– Актуелниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху е победник на парламентарните избори,со што најверојатно си обезбеди петти мандат.

Според 96 проценти од преброените гласови партијата на Нетанјаху, Ликуд освои 37 места во Кнесетот, додека партијата Сината и бела партија на поранешниот генерал Бени Гантц доби 36 пратеници.

Иако ниту една партија не доби мнозинство во Кнесетот, кој има 120 места, резултатите покажуваат дека Нетанјаху е во подобра позиција за формирање коалициска влада со десничарските партии.

– Оваа е голема победа, изјави синоќа Нетанјаху и најави дека веќе ги почнал разговорите со евентуачните коалициски сојузници.

Ако 69-годишниот Нетанјаху е победник на изборите, тој летово ќе стане премиер со најдолг стаж во историјата на Израел, надминувајќи го и основачот на Ликуд Давид Бен Гурион.

Но, синоќа победа прогласи и Гантц.

Според политичкиот аналитичар Олфер Залзберг и Ликуд и Сината и бела партија мораат да побараат поддршка за коалициска влада. На изборите учествуваа 40-тина партии, од кои поголемиот број се поблиску до Нетанјаху. Ниту една партија не освоила апсолутно мнозиство во историјата на Израел, од своето основање државата постојано ја водат коалициски влади.