Се е како ново: Во Сан Франциско луѓето живеат од ѓубрето на милијардерите


Господинот Џејк Орта, 56-годишен ветеран, денеска за живот заработува копајќи низ ѓубрето на неговите соседи милијардери во Сан Франциско.

Орта по 12 години служење во американската војска останал бездомник.

Правосмукалка, фен за коса и апарат за кафе, сите во функционална состојба, како и еден куп облеки, се само дел од примерите на неговиот неодамнешен „улов“ од корпите за отпад на шефот на Фејсбук Марк Закергерг, сето тоа пред очите на новинарот на „Њујорк тајмс“.

Орта, кој денеска живее во државни социјални станови, како собирач на отпад во полно работно време, е дел од црната економија на Сан Франциско создадена од луѓе кои работата на улиците на мултимилионерските, елитни делови на градот, барајќи низ корпите за отпад работи кои можат да се препродадат.

Трагачите по отпад се обележје на американскиот капитализам, пишува „Њујорк тајмс“ и разгледница на секојдневниот живот во Сан Франциско во кој еден од најбогатите луѓе на светот и личноста која го собира и препродава неговото ѓубре, живеат само неколку минути пешки еден од друг.

„Мене едноставно ме фасцинира што се луѓето фрлаат. Никогаш не знаеш што можеш да пронајдеш“, прераскажува Орта за репортерот кој го следи додека во една од своите ноќни прошетки пронајде пар речиси необлечени дизајнерски фармерки, нова црна јакна, сиви „Најк“ патики за трчање и пумпа за велосипедски гуми.

Неговата цел е, раскажува Орта, со препродавање да заработи дневно меѓу 30 и 40 долари, што на неделна база би го довело до буџет за преживување од околу 300 долари.

Сепак, омилената работа која ја пронашол во ѓубрето, Орта никогаш не ја продал. Станува збор за колекција весници од целиот свет од времето на Втората светска војна.

Инаку, собирањето отпад од корпите е нелегално во Калифорнија бидејќи според тамошниот закон содржината на корпите за отпад, кога тие се одложени на улица, им припаѓаат на компанијата за пренесување ѓубре. Меѓутоа, во пракса тој закон ретко се применува.