Речиси 700.000 возачи во Франција немаат возачка дозвола

A firefighter heads towards two damaged cars along a road on June 30, 2013 in Godewaersvelde, northern France, following a traffic accident between two vehicles which caused two casualities. AFP PHOTO PHILIPPE HUGUEN / AFP PHOTO / PHILIPPE HUGUEN

 

На секои 100 возачи во франција, еден нема возачка дозвола, покажа истражувањето на организацијата „Prevention Routiere“.

Според изтражувањето во моментот на патиштата во Франција има 680.000 возачи без дозвола, што претставува 1,4 отсто од вкупниот број возачи.

Во последните десет години двојно се зголемил бројт на возачи без дозвола.

Околу две третини од возачите без дозвола никогаш не полагале тест за возачи, а се верува дека тоа е така поради високата цена од околу 1.500 евра.

Според статистиката, во 4,5 отсто од сообраќајните незгоди со жртви учествуваат возачи без дозвола.

Возењето без дозвола се казнува со 15.000 евра, ако возилото биде сопрено, и веднаш се одзема возилото, доколку возачот е сопственик.

Во случај возачот веќе да направил сообраќаен прекршок, како возење без возачка, или под дејство на алккохол, казните се и повисоки. Може да биде осуден на две години затвор и глоба од 30.000 евра, како и одземање на возачката.