Новости: Белград не сака арбитража поради царините, подготвува контрамерки


Србија – Белград нема да почне арбитража против Приштина поради огромните царини на производи од централна Србија, туку е одлучено да се применат контрамерки што во моментов се разгледуваатм, објави весникот Новости.

Според весникот, за арбитража се откажале, бидејќи УНМИК, кој е потписник на ЦЕФТА-договорот во име на Косово, се прогласил за ненадлежен.

– Во таа ситуација, на Белград му останало само да го тужи Косово, како и појавувањето на „Косово” како правен субјект во меѓународното право и по иницијатива на нашата страна, несомнено може да се толкува како признание за „државноста”, поради што е одбиена опцијата за арбитража, наведува весникот.

Косово стана полноправен член на ЦЕФТА во јули 2007 година, а договорот за членство беше потпишан од УНМИК во име на приштинските институции.