Сомнителен пакет пронајден во близина на Кабинетот на Тереза Меј


Лондонската полиција соопшти дека го блокирала реонот околу улицата „Дунинг“ во Лондон, во која се наоѓа Кабинетот на британската премиерка Тереза Меј, поради пронајден „сомнителен пакет“.

– Специјалната полиција се наоѓа на местото на настанот, се наведува во кусото полициско соопштение објавено на Твитер.

Поради блокадата, сите пешаци и возила се насочуваат кон околните улици.