Британската министерка Лидсом поднесе оставка поради Брегзит


Англија – Една од водечките приврзаници на Брегзит, британската министерка за односи со британскиот Парламент, Андреа Лидсом, поднесе оставка, наведувајќи дека не може да ја поддржува владата.

Оставката е поднесена по последниот неуспешен предлог на премиерката Тереза Меј за напуштање на Велика Британија на Европската унија.

– Повеќе не верувам дека нашата позиција ќе доведе до референдумски резултат (во Парламентот). Поради таа причина, со големо жалење и тешко срце, поднесувам оставка во владата, напиша Лидсом во писмената оставка испратена од Меј.