И Панасоник ја прекинува соработката со Хуавеј


Јапонија – Јапонската компанија „Панасоник“ одлучи да прекине испорака на одредени компоненти за кинескиот производител на телекомуникациска опрема „Хуавеј“, откако САД воведоа  рестрикции за извоз за таа компанија.

– Бројот на производи што се погодени од таа одлука е ограничен и тешко дека ќе има какво било влијание на профитот, тврди претставник на „Панасоник“.

Компонентите што се во прашање се поврзани за паметните телефони. „Панасоник“ испорачува делови за телефоните на „Хуавеј“.