Турција прекина да купува иранска нафта

Турција – Турција на почетокот на мај целосно прекина да увезува иранска нафта, за да ги почитува американските санкции, иако не ги одобрува, изјави турски официјален претставник.

– Како стратешки сојузник на САД, ние ги почитуваме санкциите, изјави претставникот на маргините од неговата посета на Вашингтон, каде што е во придружба на заменик-министерот за надворешни работи на Турција, Јавуз Селим Киран.

Администрацијата на Доналд Трамп повторно воведе американски санкции против Иран, откако пред една година го напушти меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма.

Тие санкции се однесуваат на увозот на иранска нафта, но и на сите земји кои ќе продолжат да ја купуваат.