Анкара ги режирала инцидентите на границата со Грција, носела бегалци со автобуси


  Турската држава беше вмешана во неодамнешните инциденти на турско-грчката граница, објави германскиот весник Шпигел. Неделникот повикувајќи се на информации на Германската разузнавачка служба БНД, наведува дека пред еден месец турската Влада ги качила бегалците во автобуси и ги одвела на грчката граница. Помеѓу илјадниците мигранти имаше и турски војници кои ги поттикнуваа бегалците да …

Анкара ги режирала инцидентите на границата со Грција, носела бегалци со автобуси Read More »

Психолози: Некои луѓе не можат да останат дома за време на пандемија


Настојувајќи да го објаснат игнорирањето на опасноста од новиот коронавирус и луѓето кои „се однесуваат по старо“, психолозите со кои разговараше Си-Ен-Ен, наоѓаат низа објаснувања, од кои поголемиот број се сведуваат на човечката природа. Гордон Асмундсон, професор по психологија на Уннверзитетот Реџина во Сасјачеван, проучувајќи ја ова општествена појава ги подели луѓето на три групи …

Психолози: Некои луѓе не можат да останат дома за време на пандемија Read More »

Групна тужба против австриската покраина Тирол за ширење на корона вирусот


Здружението за заштита на потрошувачите на Австрија (ВСВ) најави тужба против покраината Тирол поради несовесно однесување во случај на ширење на новиот коронавирус во скијачкиот центар Ишгл и обидот за забошотување на заразата. За два дена се пријавиле 400 лица, од кои 350 Германци, кои сакаат да ја тужат австриската покраина Тирол. Според ВСВ, властите …

Групна тужба против австриската покраина Тирол за ширење на корона вирусот Read More »

Излекуваните од Ковид-19 можат да останат носители на вирусот


Луѓето кои се излекувани од новиот коронавирус можат да останат носители на Covid-19 и треба да бидат повторно тестирани, изјави вирологот и директор на Научно-истражувачкиот центар во францускиот град Безансон, Филип Имбер. – Може да се излекувате од вирусот, но сѐ уште да го имате во носната шуплина и на тој начин да го ширите. …

Излекуваните од Ковид-19 можат да останат носители на вирусот Read More »

Само во 20 земји нема корона вирус


Пандемијата од корона вирус го зафати речиси целиот свет. Вирусот кој почна од Кина се рашири на сите континенти, освен Антарктик, но се уште има земји во кои не е регистриран ни еден случај на заразени од корона вирус. Од 195 држави на светот кои се признати од Обединетите нации, во само 20 за сега …

Само во 20 земји нема корона вирус Read More »

Уште четири лекари умреа во Италија, вкупно 46 од почетокот на епидемијата


Во Италија продолжуваат да умираат не само заболените луѓе од корона вирусот, туку и оние што ги лечат – докторите. Според податоците на Цивилната заштита во изминатиов ден починале уште четири лекари, со што бројот од почетокот на епидемијата се искачи на 46. И овие починати лекари се од болниците на северот на Италија. И …

Уште четири лекари умреа во Италија, вкупно 46 од почетокот на епидемијата Read More »

Лагард: ЕУ е премнгу бавна за да одговори со итни мерки


Шефицата на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, ги повика лидерите на ЕУ да работат посилно за да го ублажат влијанието на пандемијата на коронавирусот врз економиите, откако европскиот блок се подели околу тоа колку далеку да се оди со мерките. Јужните членки на Европската унија негодуваат откако 27 лидери не успеаја да се договорат, …

Лагард: ЕУ е премнгу бавна за да одговори со итни мерки Read More »

Во Британија починаа 181 лице за еден ден


Според податоците на здравствените власти на Велика Британија, бројот на починатите од корона вирусот во кралството за еден ден се искачи за 181 лице и сега изнесува 759. Бројот на потврдени случаи е 14.579. Во Британија заразени од корона вирусот се премиерот Борис Џонсон, принцот Чарлс и министерот за здравство Мет Хенкок, меѓу другите.

Мигрантите се разбегаа од корона вирусот


Бегалците и мигрантите, кои речиси еден месец беа насобрани на турска страна и насилно и нелегално се обидуваа да влезат на грчка територија, а доста често, во Грција, медиумите и официјалните лица тврдеа дека се помогнати од турските власти, во текот на ноќта го растурија импровизираниот камп и си заминаа од Еврос. Πред да започне …

Мигрантите се разбегаа од корона вирусот Read More »

ОН: Карантинот ја зголемува опасноста од семејно насилство


САД– Преземените рестриктивни мерки низ светот во врска со борбата против новиот коронавирус ја зголемуваат опасноста од семејно насилство, изјави специјалниот известувач на ОН за насилство врз жените, Дубравка Шимоновиќ. – Голема е веројатноста да се зголеми семејното насилство. За многу жени и деца домот може да биде место, во кое владее стравот и каде …

ОН: Карантинот ја зголемува опасноста од семејно насилство Read More »

Во Холандија 112 мртви за еден ден


Холандскиот институт за јавно здравје (РИВМ) во изминатите 24 часа примил 112 извештаи за пациенти кои починале од Ковид-19. Бројот на загинати во Холандија сега е на 546 лица. (РИВМ веќе не објавува колку луѓе починале на ден, туку само колку пријави прима, бидејќи не сите смртни случаи се соопштуваат истиот ден.) Вкупниот број потврдени …

Во Холандија 112 мртви за еден ден Read More »

Во Чешка има 2.062 потврдени случаи на Ковод-19


Уште три лица починале од Ковид-19 во Чешка, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, со што бројот на загинати е девет. Земјата сега има 2.062 потврдени случаи, што претставува зголемување од 16 проценти во текот на изминатите 24 часа. Досега се извршени 31.137 тестови. Чешката влада вчера се согласи да им обезбеди на самовработените лица …

Во Чешка има 2.062 потврдени случаи на Ковод-19 Read More »

Во Белгија нови 1.049 заразени


Во последните 24 часа, 1.049 луѓе во Белгија се позитивно тестирани за коронавирус, со што вкупниот број достигна 7.284. Со хоспитализирани 490 лица и 183 отпуштени во последните 24 часа, бројот на пациенти со Ковид-19 кои моментално се наоѓаат во болница изнесува 3.042. Од нив, 690 се на интензивна нега – зголемување за 85 во …

Во Белгија нови 1.049 заразени Read More »

Шведска забрани собирање на повеќе од 50 лица


Премиерот на Шведска во петокот соопшти дека собирите на повеќе од 50 лица ќе бидат забранети како дел од напорите на нордиската држава да го забави ширењето на коронавирусот. „Чекор по чекор, се донесуваат одлуки така што во секоја дадена ситуација ние создаваме најдобри услови за општеството и здравствената служба да се справат со оваа …

Шведска забрани собирање на повеќе од 50 лица Read More »

Во Германија за еден ден 6.000 новозаразени со корона вирус


Бројот на заразени со новиот корона вирусот во Германија изнесува 42.228 лица, што е за 5.780 повеќе од вчера. Од вирусот досега починаа 253 лица, соопшти Институтот „Роберт Кох“. Горниот дом на германскиот парламент, Бундестагот го одобри владиниот пакет мерки за ублажување на економските последици од пандемијата на коронавирусот, во вкупен износ од 750 милијарди …

Во Германија за еден ден 6.000 новозаразени со корона вирус Read More »

И британскиот министер за здравство позитивен на коронавирус


По британскиот премиер Борис Џонсон, денеска и министерот за здравство на велика Британија, Мет Хенкок објави дека е позитивен на новиот коронавирус, пишува весникот „Мирор“. Откако развил симптоми во средата навечер, Хенкок бил тестиран и по добиениот позитивен резултат тој сега работи од дома. Џонсон, исто така, се наоѓа во самоизолација во Даунинг Стрит. Тој …

И британскиот министер за здравство позитивен на коронавирус Read More »

Италија: За 24 часа починаа 712 луѓе


Италија се уште не го достигна врвот на заразата со корона вирус, изјави денеска шефот на националниот здравствен институт, откако во земјата за 24 часа беа потврдени 6.150 новозаразени и 712 смртни случаи. – Не го достигнавме врвот и не сме го минале, изјави Силвио Брусаферо на прес-конференција. Сепак, тој дополни дека има знаци на …

Италија: За 24 часа починаа 712 луѓе Read More »

Израел преплавен со гнев откако Ганц се здружи со Нетанјаху


Генералот Бени Ганц прифати да биде во иста влада со Нетанјаху и целосно ја подели неговата партија. Оние што гласаа за него се гневни   Тел Авив – Израел се движи кон влада на обединување, откако лидерот на опозицијата, Бени Ганц, се приближи кон договор со премиерот Бенјамин Нетанјаху, разочарувајќи ги гласачите кои се надеваа …

Израел преплавен со гнев откако Ганц се здружи со Нетанјаху Read More »

(Видео од дрон) Пусти се светските метрополи


Од празна Будимпешта до пусти плажи во Бразил, градовите низ светот изгледаат како да се напуштени. Поголемиот дел од населението е повлечено во своите домови, со цел да се спречи брзото ширење на коронавирусот, па улиците се сосема празни, пишува Евроњуз. Снимката, која е направена со дрон во неколку градови низ светот, на почетокот го …

(Видео од дрон) Пусти се светските метрополи Read More »

Светот во „војна“ – чија помош е реална, а чија пропагандна?


Препукувањето меѓу власта и опозицијата во Македонија околу справувањето со корона вирусот станува глобален феномен. На твитер и преку медиумите може да се види дека не само што се спори справувањето на многу светски лидери со кризата, туку и се води вистинска  пропагандна војна кој дава, а кој не дава помош на други држави погодени …

Светот во „војна“ – чија помош е реална, а чија пропагандна? Read More »