Италија: За 24 часа починаа 712 луѓе


Италија се уште не го достигна врвот на заразата со корона вирус, изјави денеска шефот на националниот здравствен институт, откако во земјата за 24 часа беа потврдени 6.150 новозаразени и 712 смртни случаи.

– Не го достигнавме врвот и не сме го минале, изјави Силвио Брусаферо на прес-конференција. Сепак, тој дополни дека има знаци на забавување на бројот на новозаразени, што упатува на тоа дека врвот (пикот) не е далеку и оти може да дојде до опаѓање на трендот.

– Кога ќе почне опаѓањето брзината ќе зависи од нашето однесување, потенцираше Брусаферо.

Во Италија досега се евидентирани 80.539 случаи на заболени од корона вирус, од кои 8.216 завршиле фатално.