Во Чешка има 2.062 потврдени случаи на Ковод-19

Уште три лица починале од Ковид-19 во Чешка, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, со што бројот на загинати е девет. Земјата сега има 2.062 потврдени случаи, што претставува зголемување од 16 проценти во текот на изминатите 24 часа. Досега се извршени 31.137 тестови.

Чешката влада вчера се согласи да им обезбеди на самовработените лица месечни исплати од околу 552 евра, нешто помалку од половина од просечната плата на Чешка, како компензација за изгубените приходи како резултат на епидемијата.