Во Британија починаа 181 лице за еден ден

Според податоците на здравствените власти на Велика Британија, бројот на починатите од корона вирусот во кралството за еден ден се искачи за 181 лице и сега изнесува 759. Бројот на потврдени случаи е 14.579.

Во Британија заразени од корона вирусот се премиерот Борис Џонсон, принцот Чарлс и министерот за здравство Мет Хенкок, меѓу другите.