Во Холандија 112 мртви за еден ден


Холандскиот институт за јавно здравје (РИВМ) во изминатите 24 часа примил 112 извештаи за пациенти кои починале од Ковид-19. Бројот на загинати во Холандија сега е на 546 лица. (РИВМ веќе не објавува колку луѓе починале на ден, туку само колку пријави прима, бидејќи не сите смртни случаи се соопштуваат истиот ден.)

Вкупниот број потврдени случаи е зголемен за 1.172 во изминатите 24 часа и сега изнесува 8.603. Бидејќи не се тестираат сите, реалниот број на инфекции е веројатно поголем, вели РИВМ.

Според најновите бројки од холандското здружение за интензивна нега, од четврток 761 пациенти биле на одделенија за интензивна нега.