Црна Гора: Уапсен подофицер поради 50 кг кокаин на брод за обука


Црна Гора– Воената полиција на Црна Гора го уапси подофицерот Душко Раденовиќ поради сомнение дека бил вмешан во трговијата на 50 кг кокаин, запленети на бродот за обука „Јадран“ во Тиват. Дрогата била откриена врз основа на оперативни сознанија на Министерството за одбрана. Во вчерашната акција е приведен Раденовиќ поради сомнение дека знаел за намерата […]

По извештајот на Малер, паѓа рејтингот на Доналд Трамп


САД– Рејтингот на американскиот претседател Доналд Трамп оваа година падна на најниско ниво откако во четвртокот беше објавена редигирана верзија на извештајот на специјалниот обвинител Роберт Малер, во рамки на  истрагата за руско мешање во изборите во САД во 2016 година. Според анкетата на Институтот Ипсос и агенцијата Ројтерс, спроведена непосредно по објавувањето на извештајот, рејтингот […]

УНЕСКО: Нотр Дам не мора да биде ист како што беше


Франција – Обновата на париската катедрала Нотр Дам мора да ги заштити универзалните вредности на тоа место, но тоа не значи дека мора да биде реконструирана како што беше, соопшти делегацијата на УНЕСКО по синоќешната средба со францускиот претседател Емануел Макрон. Претставниците на УНЕСКО искажале подготвеност да помогнат во обновата на Нотр Дам, посебно со давање […]

Кина презентира нови бродови на 70-тата годишнина на морнарицата


Кина – Кина, следната недела, по повод седумдесетгодишнината од формирањето на морнарицата, ќе ги претстави новите разорувачи и нуклеарните подморници, соопшти заменикот- командант на морнарицата, Чиу Јанпенг. Според него, на парадата ќе бидат прикажани 32 воени брода и 39 авиони. – Меѓу бродовите на Народната ослободителна војска, кои ќе бидат прикажани, се носачот на авиони „Лиаонинг“, […]

За денешните протести француската Влада мобилизира 60.000 полицајци


Франција- Француската Влада мобилизираше 60.000 полицајци од целата земја поради денешните протести на „жолтите елеци“. Од движењето на „жолтите елеци“ велат дека несогласувањето со францускиот претседател Емануел Макрон не е неспоиво со тагата која Франција ја чувствува поради пожарот во кој значително е оштетена катедралата Нотр Дам. Париската полиција предупреди дека нема да дозволи протести […]

Поранешен терорист: Многу опасни поединци шетаат низ Европа


Поранешен член на Ал Каеда и британската разузнавачка служба во разговор за унгарскиот неделник „Хетек“ изјави дека многу опасни поединци слободно шетаат по Европа и дека мигрантската криза претставува потенцијална закана за Европа. Тој вели дека моментално се чувствува побезбедно на улиците во Будимпешта, па дури и Саудиска Арабија, отколку во Париз и Брисел, каде […]

Змии го принудија претседателот да ја напушти канцелариата


Две змии го принудија либискиот претседател Џорџ Вах да ја напушти канцеларијата и да работи во неговиот приватен дом. ББС објави дека две змии биле пронајдени во средата во канцеларијата на Министерството за надворешни работи, на официјалното работно место на претседателот. Целиот персонал е отстранет од зградата и ќе се врати на 22 април. Кабинетот […]

Во Хрватска запленети над 170 килограми марихуана


Полицијата во хравтскиот град Карловац денеска соопшти дека запленила 170,6 килограми марихуана и уапсила еден хрватски и еден српски државјанин, кои дрогата ја пренесувале со камион. Освен марихуаната, во камионот биле пронајдени и два пиштола со муниција. Началникот на криминалистичката полиција на Полициската управа во Карловац, Романо Бенковиќ изјави дека и хрватскиот и српскиот државјанин, […]

Три лица загинаа во вториот бран торнадо во САД


Најмалку три лица настрадаа во вториот бран торнадо што го погоди јужниот и средниот запад на САД, изјавија денеска властите. Едно лице загина откако падна дрво врз автомобил во реонот Нешоба во Мисисипи вчера попладне, јавија локалните медиуми. Вториот смртен случај е во областа Сенет Клер во Мисисипи, кога доцна синоќа паднало дрво врз куќа. […]

Црна Гора продава југословенски воени бродови зашто нема кадар за нив


Црногорската Влада донесе одлука да се повлечат двата најголеми брода од морнарицата на Армијата на Црна Гора – патролните бродови П-33 и П-34 и да се понудат на продажба, а парите да се пренаменат за купување ново оружје и опрема. Одлуката е образложена со тврдење дека бродовите се „преголеми, прескапи и прекомплицирани за употреба во […]

БиХ поради „селфи“ праќа протесна нота до Хрватска


Претседателството на БиХ одлучи да упати протесна нота до Хрватска во врска со шпионската афера „селфи“, која дел од медиумите од регионот на Западен Балкан и босанскиот министер за безбедност Драган Мектиќ ја поврзаа со хрватската Безбедносно разузнавачка служба – СОА. Аферата „селфи“ е поттикната од тврдењата дека агенти на СОА се обиделе да регрутираат […]

Владата на Либија издаде потерница по генерал Хафтар


Либиската Влада на национално единство издаде потерница по генерал Калифа Хафтар и шестмина негови офицери, обвинувајќи го дека наредил смртоносни воздушни напади врз цивилно население. Пред две недели Хафтар и неговите сили презедоа офанзива Триполи, каде е седиштето на меѓународно признаената либиска Влада предводена од Фајез ел Сараџ. Светска здравствена организација соопшти дека во ескалацијата […]

Премиерот и Владата на Мали поднесоа оставка поради масакр на 160 луѓе


Премиерот на Мали, Симајла Бобибај и сите членови на Владата вчера поднесоа оставки, четири недели откако напаѓачите убија 160 сточари, припадници на етничката група Фула. Претседателот на Мали, Ибрахим Бубакар Кејта ги прифати нивните оставки. За убиството на 160 сточари, што се случи на 23 март, осомничени се ловџии, припадници на етничката група Догон, која […]

Француските пилоти се закануваат со штарјк


Водечкиот синдикат на пилоти во Франција (СНПЛ) ја предупреди Владата дека ќе организира штрајк од 6 до 11 мај, ако новиот закон ги намали нивните овластувања во преговорите. Синдикатот стравува дека новиот закон за сообраќај, за кој расправа Парламентот, би можел да ги стави во истата група со другите синдикати од секторот во преговорите со […]

ФСБ: Тероризмот се уште е закана, ќелиите се преселуваат во Европа


Шефот на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) Александар Бортников предупреди дека меѓународни терористички ќелии се преместуваат од Блискиот Исток кон Европа, Централна и Југоисточна Азија. – И покрај претрпените порази, меѓународните терористички организации претставуваат закана за повеќето земји во светот, истакна Бортников на конференцијата за борба против меѓународниот тероризам во Санкт Петербург. Бортников истакна […]

Украина ја поништи национализацијата на големата ПриватБанка


Украински суд ја поништи национализацијата на ПриватБанк од крајот на 2016 година, а актуелниот претседател Петро Порошенко стравува дека таквата судска одлука може да предизвика голема економска криза, па дури и банкрот на земјата. Објавата на одлуката предизвика долги редови граѓани пред филијалите на ПриватБанк кои чекаа да ги повлечат своите влогови. На одлуката за […]

Романскиот министер за правда поднесе оставка


Романскиот министер за правда Тудорел Тоадер денеска соопшти дека поднесува оставка на функцијата, затоа што „ја загубил поддршката“ од владејачката Социјалдемократска партија (ПСД). Оставката на Тоадер следи откако беше изложен на критики поради серијата закони што ги предложи, а кои беа оценети дека ќе ги ослабат напорите за спречување на политичката корупција. Критики на сметка […]

Краток спој најверојатна причина за пожарот во Нотр Дам


Истражните органи сметаат дека причина за пожарот во париската катедрала Нотр Дам, што избувна во понеделникот, е краток спој, изјави денеска неименуван претставник на француската судска полиција. Тој нагласи дека поради безбедносни причини истражителите се уште не добиле дозвола за влез во катедралата и за пребарување на урнатините. Претходно денеска, францускиот министер за култура Франк […]

Во Турција 11 лица осудени на доживотен затвор поради обидот за преврат


Судот во Истанбул денеска изрече доживотни затворски казни за 11 поранешни припадници на жандармеријата во Истанбул, кои се товарат за учество во обидот за воен удар пред три години, за чија организација официјална Анкара го сомничи имамот Фетулах Ѓулен. Кривичниот суд во Истанбул изрече пресуди за 39 обвинети поранешни припадници на турската жандармерија, кои се […]

Трамп: Играта заврши


Американскиот претседател Доналд Трамп по објавувањето на извештајот на специјалниот обвинител Роберт Малер за руското мешање во претседателските избори во САД, на Твитер објави интересна фотографија. Трамп е свртен со грб, а на фотографијата пишува „Играта заврши“. Без тајни договори. Без опструкции. За мразачите и демократите од радикалната левица – Играта заврши, напиша Трамп на […]