Владата на Либија издаде потерница по генерал Хафтар

Либиската Влада на национално единство издаде потерница по генерал Калифа Хафтар и шестмина негови офицери, обвинувајќи го дека наредил смртоносни воздушни напади врз цивилно население.

Пред две недели Хафтар и неговите сили презедоа офанзива Триполи, каде е седиштето на меѓународно признаената либиска Влада предводена од Фајез ел Сараџ.
Светска здравствена организација соопшти дека во ескалацијата на судирите убиени се 205 луѓе, а над 25.000 цивили се раселени.

По соборувањето на долгогодишниот лидер Муамер ел Гадафи во 2011 година Либија е нестабилна поради големиот број на вооружени групи кои се борат за власт и контрола над нафтените полиња.

Од летото 2014 година Либија е политички поделена на две влади – самопрогласената во источниот дел на земјата, со седиште во Тобрук што е под контрола на 75-годишниот Хафтар и меѓународно признаената Влада со седиште во Триполи со премиерот Сараџ.