Со ХИВ вирусот се лечи тешка вродена болест


Тешка комбинирана имунодефициенција позната како “bubble boy” болест, сега се лечи со помош на ХИВ вирусот. Децата кои се раѓаат со многу слаб имунитет или без него сега имаат можност да преживеат, откако американските научници со помош на ХИВ вирусот најдоа терапија, по што децата имаат потполно нормален имун систем. Резултатите од истражувањето, спроведено во […]

Гирото во Грција ќе поскапи од 1 мај


Гирото во Грција од 1 мај се очекува да биде поскапо за 10 до 15 проценти, односно за 10, 20 или 30 центи, поради покачувањето на цените на месото, и да достигне цена до три евра. По веста за зголемувањето на цената, што ја објави грчката телевизија „Скај“, се огласи претседателот на Комората на трговци […]

Фејсбук забранува пристап за ширачи на говор на омраза во Британија


Фејсбук воведе забрана за користење на нивната мрежа во Британија за десетина крајно десничарски поединци и организации за кои тврди дека „шират омраза“. Забраната се однесува на Британската национална партија и нејзиниот поранешен лидер Ник Грифин, Англиската одбранбена лига и еден од основачите Пол Рејн, Националниот фронт и нејзиниот лидер Тони Мартин и Џек Реншо, […]

Ердоган: Ќе се бориме до конечната одлука на Изборната комисија


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, еден ден откако опозицискиот кандидат ја презеде функцијата градоначалник на Истанбул, денеска изјави дека неговата Партија на правдата и развојот ќе се бори се додека Високата Изборна комисија не донесе конечна одлука за изборите одржани на 31 март. После 17 дена приговори и повторно пребројување, Екрем Имамоглу вчера ја презеде […]

Ким Џонг – ун ќе се сретне со Владимир Путин


Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ќе ја посети Русија до крајот на април, при што ќе се сретне со претседателот Владимир Путин, соопшти денеска Кремљ. – Владимир Путин ќе се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун. Ким ќе дојде во посета на Русија во втората половина на април, се наведува во соопштението на Кремљ. Ким ќе […]

Акропол затворен поради безбедносни причини


Министерството за култура на Грција соопшти дека од 14.30 часот по локално време (13.30 часот по средноевропско време), Акропол ќе биде затворен за посетители од безбедносни причини, поради најавите од грчката метеоролошка служба за ново невреме во попладневните часови, јави дописничката на МИА од Атина. Оваа одлука доаѓа откако вчера, од удар на гром во […]

92-годишен стражар од нацистички логор обвинет за соучество во масовни убиства


Германските обвинители денеска обвинија 92-годишен поранешен стражар во нацистички концентрационен логор како соучесник во масовните убиства, во еден од последните судски процеси за злосторства од нацистичката ера. Хамбуршките обвинители соопштија дека човекот, кој е идентификуван само како Брнуо Д., бил соучесник во убиство на 5.230 луѓе за време на девет месеци на должност во стражарска […]

Александар Велики по цели 26 години си го најде местото во центарот на Атина


Откако од 1992 година првпат беше претставен на јавноста, а во 1993 година откупен од Министерството за култура на Грција, споменикот на Александар Велики, но во поинакво, во младо издание, а не како војник, вчера по 26 години беше поставен во центарот на Атина. Според информациите на дописничката на МИА од Атина, утре наутро ќе […]

Русија забрани извоз на нафта во Украина


Русија забрани извоз на нафта и нафтени деривати во Украина, како и увоз на одредени украински стоки, соопшти денеска рускиот премиер Дмитриј Медведев. Односите меѓу поранешните советски соседи се на најниско ниво, откако Русија го анектира Крим во 2014 година, во знак на одмазда за официјален Киев кој го собори претседателот кој имаше поддршка од […]

Ризичен потег на Црна Гора, ако не го вратат кредитот на Кина ќе останат без дел од територијата


Црна Гора стравува дека проектот за изградба на автопатот кој би требало да ги поврзе пристаништето во Бар со Белград и кој го финансира Кина „ќе биде на патот кон пропаст“. Имено, тој проект кој влијаеше на зголемувањето на долгот на земјата би можел да биде опасен доколку се има рпедвид кредитот со кој е […]

Зеленски најави предвремени парламентарни избори ако стане претседател на Украина


Украинскиот претседателски кандидат Володимир Зеленски, кој е фаворит во вториот круг од изборите кој ќе се одржи в недела, денеска изјави дека би сакал да свика предвремени парламентарни избори доколку победи. Зеленски, популарен комичар кој води според анкетите направени во пресрет на вториот круг в недела, во интервју за украинската Интернет страница РБЦ изјави дека […]

Четвртина странски работници во Германија се од земјите од Западен Балкан


Процентот на работниците од земјите од Западен Балкан во вкупната бројка на странски работници во Германија во последните три години е зголемен од девет на 25 отсто, јави агенцијата Анадолија. Државите, од кои овие луѓе заминуваат, можат да помогнат во враќање на работната сила на начин што ќе ги поттикнат луѓето. Мораат да формулираат политики […]

Уапсен маж кој сакал да ја запали катедралата во Њујорк


   Трисет и седумгодишен маж во средата вечерта влегол во катедралата посветена на свети Патрик во Њујорк со два канистра полни со бензин, течност за запалки и запалки, соопшти полицијата на американската метропола. Мажот влегол во катедралата на Менхетен околу 20 часот и се судрил со припадници на обезбедувањето, соопшти њујоршката полиција. Кога се свртил […]

САД со санкции за Народната банка на Венецуела, Мадуро се жали дека се нелегални и незаконски


Венецуелскиот претседател Николас Мадуро новите американски санкции против Централната банка на Венецуела ги нарече „нелегални и неморални“. – Повторно воведоа серија еднострани санкции, сосема незаконски и неморални, против света институција, како што е Централната банка на Венецуела, изјави Мадуро во телевизиско обраќање. Министерството за финансии на САД синоќа соопшти дека воведува санкции против Централната банка […]

Иванка Трамп ја одби работата во Светска банка


Иванка Трамп, виша советничка на својот татко, американскиот претседател Доналд Трамп, ја одби работата во Светска банка, затоа што била задоволна со сегашната улога. Доналд Трам неодамна за магазинот „Atlantik” изјави дека на својата ќерка ѝ понудил работа во Светска банка, затоа што, како што рече „е добра со бројки“, пренесе АП. Иванка беше ангажирана […]

Убиен актер кој глумеше во „Треинспотинг“


Поранешниот боксер и актер Бредли Велш е смртно застрелан вчера во Единбург, пишуваат британските медиуми. Велш играше во второто продолжение од култниот филм „Треинспотинг“. Четириесет и двегодишниот Велш е поранешен боксерски шампион, а бил познат и како страсен фудбалски навивач. Како што пишува Гардијан, тој бил застрелан во близина на неговиот дом во западниот дел […]

САД: Уапсен претседателски кандидат поради дрога и атентати


Кандидатот за претседател на Гватемала Марио Амилкар Естрада Орелана (58) беше уапсен во Мајами, под сомнеж дека планирал да ги убие политичките ривали и да им дозволи на трговците со дрога да ги користат пристаништата и аеродромите во Гватемала. Естрада и неговиот соработник Хуан Пабло Гонсалес Мајорга (50) треба да се појават денеска пред судијата. […]

„Тајм“ со листа на 100 највлијателни луѓе за 2019 година


САД– Американскиот магазин „Тајм“ објави листа на 100 највлијателни луѓе за 2019 година, а победниците како и досега ги има во повеќе категории, од дебитанти до титани. На листата на дебитанти има имиња кои имаат различен стаж на јавната сцена. Тука се наоѓаат глумицата Сандра О. (47), која е годинешна добитничка на Златниот Глобус („Killing […]

Сто и дваесет авиокомпании со забрана за летање во ЕУ


Европската Комисија ја објави најновата црна листа на забранети авиокомпании, вкупно 120 се засегнати, меѓу нив една европска компанија. ЕК редовно го обновува списокот на забранети авионски компании во рамките на своите политики за безбедност на патниците. Од 120-те забранети компании, 114 се сертифицирани во 16 држави во кои Европска Унија смета дека национална контрола […]

Болтон најави проширување на „црната листа“ на Куба


Соединетите Американски Држави на „црната листа“ на санкционирани кубански поединци и компании, додаваат уште пет, кои имаат врски со разузнавачките и воените служби на Куба, изјави вчера американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон. На листата првпат се најде и кубанската воена авиокомпанија „Аерогавиота”. Болтон им се обрати на ветераните на неуспешната инвазија на Заливот […]