Ердоган: Ќе се бориме до конечната одлука на Изборната комисија


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, еден ден откако опозицискиот кандидат ја презеде функцијата градоначалник на Истанбул, денеска изјави дека неговата Партија на правдата и развојот ќе се бори се додека Високата Изборна комисија не донесе конечна одлука за изборите одржани на 31 март.

После 17 дена приговори и повторно пребројување, Екрем Имамоглу вчера ја презеде должноста, и покрај барањето на партијата на Ердоган изборите за градоначалник на Истанбул да бидат поништени и повторени.

Во разговор со членовите на синдикатот, Ердоган рече дека Турција треба ефективно да ги искористи наредните четири и пол години до следните редовни избори со цел решавање на економските и безбедносните проблеми.