Иванка Трамп ја одби работата во Светска банка


Иванка Трамп, виша советничка на својот татко, американскиот претседател Доналд Трамп, ја одби работата во Светска банка, затоа што била задоволна со сегашната улога.
Доналд Трам неодамна за магазинот „Atlantik” изјави дека на својата ќерка ѝ понудил работа во Светска банка, затоа што, како што рече „е добра со бројки“, пренесе АП.
Иванка беше ангажирана во процесот за избор на кандидат за претседател на Светска банка, за која е избран Девјид Малпас, а за кого оцени дека тој „ќе заврши добра работа“.