Со ХИВ вирусот се лечи тешка вродена болест


Тешка комбинирана имунодефициенција позната како “bubble boy” болест, сега се лечи со помош на ХИВ вирусот.

Децата кои се раѓаат со многу слаб имунитет или без него сега имаат можност да преживеат, откако американските научници со помош на ХИВ вирусот најдоа терапија, по што децата имаат потполно нормален имун систем.
Резултатите од истражувањето, спроведено во болница во Тенеси, ја објави медицинскиот журнал „Њу Ингланд“, пренесе BBC.
Тешката комбинирана имунодефициенција позната како болеста “bubble boy”, значи дека децата се раѓаат со слаб или без имунитет, но со оваа терапија имаат потполно функционален имун систем.
Децата со таа болест кои не добиле терапија мора да живеат во потполно стерилни услови и обично умираат уште како бебиња.
Во рамки на генетската терапија се зема коскена срж од бебето се исправа дефектот во нивната ДНК, веднаш по раѓањето.
„Правилниот“ ген (кој се користи за лечење) се уфрла во изменета верзија на ХИВ келиите, вирус кој предизвикува СИДА.
Научниците соопштија дека повеќето бебиња излегуваат од болница за еден месец. Пациентите добивале терапија во Детската истражувачка болница „Сент Џуд“ во Мемфис, како и во детската болница „Бениоф“ во Сан Франциско.