САД со санкции за Народната банка на Венецуела, Мадуро се жали дека се нелегални и незаконски


Венецуелскиот претседател Николас Мадуро новите американски санкции против Централната банка на Венецуела ги нарече „нелегални и неморални“.

– Повторно воведоа серија еднострани санкции, сосема незаконски и неморални, против света институција, како што е Централната банка на Венецуела, изјави Мадуро во телевизиско обраќање.

Министерството за финансии на САД синоќа соопшти дека воведува санкции против Централната банка на Венецуела и нејзината директорка, со цел зголемување на притисокот врз претседателот Николас Мадуро.

САД го поддржуваат лидерот на опозицијата, Хуан Гуаидо кој во јануари се прогласи за привремен претседател на Венецуела.

Американските власти претходно воведоа серија санкции против Мадуро.