„Тајм“ со листа на 100 највлијателни луѓе за 2019 година


САД– Американскиот магазин „Тајм“ објави листа на 100 највлијателни луѓе за 2019 година, а победниците како и досега ги има во повеќе категории, од дебитанти до титани.

На листата на дебитанти има имиња кои имаат различен стаж на јавната сцена. Тука се наоѓаат глумицата Сандра О. (47), која е годинешна добитничка на Златниот Глобус („Killing Eve“), најдобрата тенисерка на светот Наоми Осака(21), кулинарската ѕвезда Самин Носрат (39).

Американскиот магазин „Тајм“ кој секоја година прави ваков пресек, оваа година на својата листа ја вметнува и интернет ѕвездата Нина (21).

Голем успех постигна и манекенката Криси Тајген (33) која исто така се најде во оваа категорија благодарение на 23,7 милиони следачи на Инстаграм.

Во групата на највлијателни уметници се глумците Џејн Џонсон, Реџина Кинг, Емилија Кларк, Глен Клоуз, оскаровците Махершала Али и Рами Малек, пејачката Аријана Гранде.

„Тајм“ ја задржа политичката објективност па на листата за лидери ги стави Ненси Пелоси, која од 2011 година е претставничка во Претставничкиот дом на Америка и американскиот претседател Донал Трамп, неоспорно влијателна фигура на светската политичка сцена, која е честа мета на острите критики.

Меѓу лидерите исто така е и премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Арден, која светот го воодушеви преку покажувањето на сочувствителност за нејзината земја која пред неколку месеци доживеа терористички напади, потоа папата Фрањо, принцот Мохамед бин Зејден. Шветската тинејџерка и активистка за заштита на околината, Грета Тунберг на Тајмовата листа дебитираше како лидер.

Во категоријата икона се најде и поп-ѕвездата Тејлор Свифт, а во оваа престижна група се најдоа и поранешната дама на САД Мишел Обама, режисерот Спајк Ли, новинарката Марија Реса која во своето родно место, Филипини, се бори за слобода на медиумите и која поради кавгата со филипинскиот претседател Родриго Дутертеом првобитно беше осудена на затворска казна од 12 години, но подоцна кон крајот на февруари казната била преименувана за условна.

Икона е и Лејди Гага, добитничка на Златниот Глобус за песната „Shallow“ од филмот „A star is born“, која заради бројните успеси и револуцијата што ја донесе на светската музичка сцена, оваа година го доби најзначајното признание во својата кариера.

Титаните со најголемо влијание се египетските фудбалери Мохамед Салах, мејк ап уметничката Пет Мекгарт, комесар за правда на ЕУ, Вера Јоурова, голферската легенда Тајгер Вудс, американскиот продуцент Рајан Марфи, американската ТВ и кулинарска ѕвезда и најдобра пријателка на Опра Винфри, Џенифер Хајман, сопственичка на компанијата „Rent the runway“.