Во Белгија нови 1.049 заразени


Во последните 24 часа, 1.049 луѓе во Белгија се позитивно тестирани за коронавирус, со што вкупниот број достигна 7.284.

Со хоспитализирани 490 лица и 183 отпуштени во последните 24 часа, бројот на пациенти со Ковид-19 кои моментално се наоѓаат во болница изнесува 3.042. Од нив, 690 се на интензивна нега – зголемување за 85 во однос на вчерашниот ден – а 489 се на респиратори, 78 повеќе од вчера.

Шеесет и девет лица починаа од вчера, со што бројот на загинатите во Белгија достигна 289.