САД го губи статусот на земја со елиминирани мали сипаници по 26 години


Соединетите Американски Држави го губат статусот на земја со елиминирани мали сипаници по 26 години, а Мексико и Боливија повеќе го немаат тој статус, објави денес Панамериканската здравствена организација (PAHO).

САД го губи статусот бидејќи не успеаја да го спречат континуираното ширење на високо заразниот вирус повеќе од една година, објавува АП.

Панамериканската здравствена организација објави дека Боливија и Мексико исто така го губиле статусот на земји со елиминирани мали сипаници.

Меѓународните претставници изјавија дека високо заразниот вирус, некогаш присутен главно само во медицинските учебници, сега се шири во САД, првенствено меѓу невакцинираните луѓе, со најбрзо темпо за повеќе од 30 години.

Мексико го губи статусот на земја со елиминирани мали сипаници откако вирусот повторно се појави, вклучително и голема епидемија во државата Чивава.

Објавата на Панамериканската здравствена организација има малку практични последици и е во голема мера симболична, но означува остар пресврт за болеста која, благодарение на децениите научен напредок, во голема мера беше под контрола.