Во Германија за еден ден 6.000 новозаразени со корона вирус

Бројот на заразени со новиот корона вирусот во Германија изнесува 42.228 лица, што е за 5.780 повеќе од вчера. Од вирусот досега починаа 253 лица, соопшти Институтот „Роберт Кох“.

Горниот дом на германскиот парламент, Бундестагот го одобри владиниот пакет мерки за ублажување на економските последици од пандемијата на коронавирусот, во вкупен износ од 750 милијарди евра. Со тоа е завршена забрзаната собраниска процедура за усвојување пакетот мерки. Бундестагот го одобри пакетот од германската Влада во средата.

Сеопфатните мерки вклучуваат кредитни гаранции за помош на економијата, директна финансиска помош за малите и средните претпријатија и помош за здравствениот систем. (МИА)