Урсула фон дер Лајен во самоизолација


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, е  во самоизолација откако неодамна имала контакт со лице заразено со Ковид-19, напиша денеска самата на Твитер, пренесе ДПА. „Ме известија дека на состанокот на кој учествував минатиот вторник присуствувало и лице кое од вчера е позитивно на Ковид-19“, напиша таа. Фон дер Лајен напиша и дека […]

Случајот со Трамп покажува дека политичарите мора да бидат сериозни со пандемијата


Политичарите мора посериозно да ја сфатат пандемијата на Ковид-19 и да престанат да ги намалуваат нејзините здравствени ризици, порача германскиот министер за економија, Питер Алтмајер, откако американскиот претседател, Доналд Трамп,пред неколку дена се зарази со коронавирусот. Британските медиуми потсетуваат дека американскиот претседател поголемиот дел од годината го мина во минимизирање на ризиците од пандемијата на […]

Градоначалникот на Њујорк најави враќање на построги епидемиолошки мерки


Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио најави можност за враќање на построги епидемиолошки мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, како на пример затворање на училишта, ресторани и продавници, кои не се најнеопходни во девет квартови на Бруклин и Квинс, каде бројот на новозаразени од Ковид-19 е во голем пораст. – Предлагам од 7 октомври […]

Нов Зеланд повторно го победи корона вирусот


  Премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн, најави укинување на мерките воведени во окленд поради рузбивање на вториот бран од корона вирусот, тврдејќи дека нејзината земја повторно го победила вирусот. Нов Зеланд во мај потполно го сопре првиот бран од заразата благодарение на строгите мерки, а земјата забележа низа од 102 дена без новозаразен. Но, […]

Чешка воведе вонредна состојба – средните училишта затворени оти имаат најмногу заболени од Ковид-19


Во услови на пандемија на Ковид-19 и неодамнешен наплив на случаи на корона вирус, Чешка од денеска е во вонредна состојба. Чешкиот министер за здравство Роман Примула информираше за одлуката на владата од минатата недела, наведувајќи дека таа ќе биде помалку строга во споредба со порано. „Вонредната состојба ќе ни овозможи брзо да одговориме на […]

Париз воведува делумен локдаун, од утре се затвораат баровите


Почнувајќи од утре, Париз воведува највисок степен на мерки за спречување на ширење на корона вирусот, што значи дека во следните две недели се затвораат сите барови, а рестораните ќе мора да спроведат нови заштитни мерки за да останат отворени, соопшти канцеларијата на францускиот премиер Жан Кастес. Кабинетот на Кастекс соопшти дека на подрачјето на […]

Што ако кандидатот за претседател на САД почине или се повлече од трката?


Ниту еден кандидат на претседателските избори во САД досега не починал или морал да се повлече од трката олку близу до изборите, но хоспитализацијата на претседателот Доналд Трамп поради коронавирус на само еден месец пред изборите на 3 ноември покрена прашања за тоа што би се случило ако се случи тоа. Трамп има 74 години, […]

(Видео) Трамп излезе од болницата за да ги поздрави приврзаниците, лекарите шокирани


Американскиот претседател Доналд Трамп излезе од болницата да ги поздрави своите приврзаници кои се собраа пред неа во знак на поддршка. Тој помина крај своите приврзаници во неговиот автомобил во колоната возила и им мавташе од зад прозорецот. Луѓето го дочекаа неговото доаѓање со силни извици и мавтајќи, а кога автомобилот на Трамп се врати […]

Трамп со нова видео порака: Научив многу за Ковид-19, ова е вистинско училиште


Американскиот претседател Доналд Трамп, сними нова, втора видео порака до Американците откако пред три дена излезе позитивен на коронавирусот и веднаш беше сместен во воената болница „Валтер Рид“, затоа што почнал да ги чувствува симптомите на болеста, јавија светските агненции. Трамп во неа порачува дека во болницата научил многу за Ковид-19, дека ова што му […]

Папата Францискo вели дека пазараниот капитализам не успева во пандемија


Папата Франциско изјави дека пандемијата на коронавирус покажала дека „магичните теории“ на пазарниот капитализам не успеале и на светот му е потребен нов вид на политика, која промовира дијалог и солидарност, а ја отфрла војната по секоја цена. Пораката на папата е дел од најновата енциклика „Фратели тути“ (Сите сме браќа), во чија суштина се […]

Паника и конфузија во Белата куќа


Загриженоста се зголемува околу ширењето на вирусот во зградата и дали тоа може да го наруши функционирањето на владата   ВАШИНГТОН – Златното есенско сонце го осветли Вашингтон во саботата за да го илуминира главниот град на САД кога Доналд Трамп го започна својот прв цел ден во болницата, борејќи се со корона вирусот, во […]

Пак 100.000 луѓе на протестите во Минск – полицијата ги растеруваше со водени топови


Десетици илјади Белоруси излегоа на улиците во неделата на 4 октомври во знак на поддршка на политичките затвореници во земјата, осми викенд по ред на протести против долгогодишниот владетел Александар Лукашенко. Опозицискиот новински канал „Нехта“ соопшти дека повеќе од 100.000 луѓе се собрале во главниот град Минск, каде полицијата употребила водени топови за да ги […]

Трамп се чувствува подобро, утре може да биде пуштен од болница


САД – Американскиот претседател Доналд Трамп може да биде пуштен од болница утре, бидејќи тој се чувствува подобро, соопшти медицинскиот тим на претседателот на прес-конференција пред воената болница „Волтер Рид“. Во соопштението се наведува и дека Трамп вчера добил дексаметазон по второто „минливо“ опаѓање на нивото на кислород во крвта. Во петокот нивото било на 94 […]

Иванка Трамп и Џаред Кушнер се негативни на Ковид-19, велат извори од Белата куќа


САД- Најстарата ќерка на претседателот Трамп и постар советник Иванка Трамп и нејзиниот сопруг, советникот во Белата куќа, Џаред Кушнер, се негативни на коронавирус, откако претседателот Трамп и првата дама Меланија Трамп се покажаа позитивни на Ковид-19, потврдија извори од Белата куќа. Тие се постојано околу Трамп, а Кушнер заедно со советничката Хоуп Хикс која […]

Во Бразил има 146.000 мртви, Копакабана како мравјалник


Дали на луѓето веќе не им е грижа кој ќе биде заразен, а кој ќе почине од корона вирусот. Во Бразил има 4,9 милиони инфицирани со Ковид-19 и 146.000 мртви, јавноста го обвинува десничарскиот претседател Жаир Болсонаро дека не презема ефикасни мерки за заштита од вирусот, а во исто време граѓаните се однесуваат поинаку, како […]

Референдум: Нова Каледонија не сака да се отцепи од Франција


ПАРИЗ – Гласачите на архипелагот во Јужниот Пацифик Нова Каледонија се на пат да го отфрлат отцепувањето од Франција по речиси 170 години колонијално владеење на референдумот во неделата, покажаа делумните резултати. Со избројани гласови од 249 од вкупно 304 избирачки места, делумните резултати покажаа дека таборот „не“ води со 54,8 проценти поддршка и го […]

Почнаа со дезинформации: Тешко ранет претседателот на Нагорно Карабах?


Претседателот на непризнатата република Нагорно Карабах, Арик Артуњанин е тешко ранет во нападот на азербејџанските сили, вели помошникот на претседателот на Азербејџан. „По прецизен напад на азербејџанската војска лидерот на самопрогласената република Нагорно Карабах тешко е ранет“, рече тој. „Ерменија е терористичка држава. Азербејџан нема да остави без одговор ни еден напад од таа земја. […]

Околу илјада пожарникари уште трагаат по исчезнатите во невремето на југо-истокот од Франција


Според последниот извештај на француските власти, осум лица сè уште се водат како исчезнати во Долината на Роја и во Везуби, а по десетина други лица сè уште се „трага“, јави дописникот на МИА. Речиси 1.000 пожарникари се мобилизирани во подножјето на приморските Алпи на југо-истокот од Франција, кои беа погодени од исклучителни поројни дождови […]

Трамп од болничката соба: Следните неколку дена се клучни 


САД – Американскиот претседател Доналд Трамп објави ново видео на Твитер во кое рече дека не се чувствувал добро кога дошол во болницата Валтер Рид, но дека сега се чувствува добро и дека следните неколку дена ќе бидат клучни за неговото закрепнување. Трамп во видеото од неговата болничка соба рече дека се чувствува „многу подобро“ и […]

Со коронавирус заразени над 35 милиони луѓе во светот


САД – Од почетокот на пандемијата на коронавирусот, на крајот на декември минатата година, повеќе од 35 милиони луѓе во светот се заразени со овој вирус. Според веб-страницата „Ворлдметерс“, вкупно 35.070,750 луѓе се заразени со коронавирус во светот. Има 7.970.957 активни случаи, а повеќе од 66.000 пациенти се во критична состојба. Досега оздравеле 26 милиони луѓе, […]