Во Велика Британија 24.701 новозаразени, 310 починати


Според најновите владини податоци, Велика Британија регистрира 24.701 нов случај на корона вирус и 310 смртни случаи поврзани со Ковид-19.

Бројот на нови случаи се зголеми во споредба со вчерашниот ден кога имаше 22.885, додека бројот на смртни случаи е помал во споредба со вчерашните 367.

Од почетокот на пандемијата во Британија се регистрирани 942.275 случаи на корона вирус, од кои 45.675 луѓе починале.