Русија пријави појава на птичји грип, усмртени 283.000 птици

Русија пријави појава на високо патогениот птичји грип Х5Н8 на фарма во западниот дел на земјата, објави денеска Светската организација за здравје на животните (ОИЕ).

Грипот во регионот Костромскаја уби повеќе од 14.000 птици и доведе до уништување на уште 283.000 птици од јата, соопшти ОИЕ, повикувајќи се на информации од руското Министерство за земјоделство.