(Видео) Со камион урнаа капија, упаднаа во зградата на парламентот на Киргистан


  Демонсктантите во Киргистан упаднаа во зградите на владата и на парламентот и ги ослободија поранешниот претседател и премиерот од затвор. Нередите во главниот град на Киргистан, Бишкек избија како резултат наизборите. Полицијата против демонстрантите користеше гумени куршуми,солзавец и водени топови, но граѓаните на Бишкек беа надмоќни и упаднаа воз градата. Според Министерството за здравство […]

(Видео) Трамп се врати во Белата куќа и повторно ги шокира сите: „Не плашете се од ковид“


Доналд Трамп кратко време откако вчера објави на Твитер дека ќе го напушти медицинскиот центар „Валтер Рид“ во Мериленд, околу половина час по полноќ по македонско време се упати со претседателскиот хеликоптер кон Белата куќа, а по пристигнувањето театрално ја симна заштитната маска, шокирајќи многумина. Сето тоа, откако беше објавено дека по претседателот, неговата сопруга […]

Мурто: Трамп планира да учествува во втората претседателска дебата во Мајами


Американскиот претседател Доналд Трамп планира следната недела да учествува на закажаната претседателска дебата со неговиот демократски ривал, Џо Бајден, и покрај неговата минатонеделна дијагноза за инфекција со коронавирус, изјави неговиот портпарол за „Фокс њуз“, пренесе ДПА. -Претседателот има намера да дебатира, изјави Тим Мурто за телевизијата на помалку од еден час откако Трамп го напушти […]

Недела на Нобеловата награда – дали во 2020 ќе има повеќе жени лауреати?


Во времиња во кои се зборува многу за полова еднаквост и диверзитет, очекувањата од Нобеловата фондација се големи. Досега најчесто носители на наградата беа стари мажи, белци. Дали во 2020. тоа ќе се промени?   Од 1901 година досега, покрај 25 организации, Нобелова награда добиле вкупно 923 различни научници, писатели и „поттикнувачи на мирот”. Типичниот Нобелов […]

Шпанија надмина 800.000 заразени од Ковид-19


Шпанија – Шпанија стана првата западноевропска земја што надмина вкупно 800.000 случаи на инфицирани со новиот коронавирус. Во државата беа регистрирани 23.480 нови инфекции за време на викендот, според податоците на Министерството за здравство објавени денеска. Вкупниот број достигна 813.412, додека бројот на смртни случаи е 32.225. Дневните смртни случаи сега се на највисоко ниво од […]

Десет држави во црвената зона на епидемиолошката мапа на ЕУ


Белгија – На епидемиолошката мапа на Европската унија во т.н. црвена зона во моментов има 10 држави во кои бројот на заразени со новиот коронавирус надминува 120 на 100.000 жители. Во „црвената зона“ на картата на Европскиот центар за превенција и контрола на инфекциите се наоѓаат Шпанија (319 случаи на 100.000 жители во последните две недели), […]

Париз ги затвори сите барови и кафеа, ограничувања за рестораните


ПАРИЗ – Официјални лица во Париз во понеделникот објавија нови ограничувања за градот и неговите предградија кога областа достигна највисоко ниво на тревога за корона вирус. Сите барови мора да се затворат, како и затворените спортски простории, како што се базени, теретани и спортски сали (со ограничени исклучоци, вклучително и за деца). Рестораните може да […]

Трамп немал време да се сретне со Фаучи кога почна ширењето на вирусот


Доналд Трамп во март рече дека „нема многу време“ да се сретне со врвниот експерт за јавно здравје д-р Ентони Фаучи на брифинг за епидемијата на корона вирус што тогаш ја фаќаше брзината, според новата снимка објавена од новинарот Боб Вудворд. Претседателот сега е во болницата „Валтер Рид“ надвор од Вашингтон, на лекување откако се […]

И портпаролката на Белата куќа заболена од корона вирус


Секретарот за печат на Белата куќа, Кејли Мекенани, во понеделникот изјави дека има позитивен тест за Ковид-19, додавајќи дека ќе започне со карантин и дека медицинската единица на Белата куќа не наведува ниту еден член на одделениото за печат како блиски контакти. „Покрај тоа, јас дефинитивно не знаев за дијагнозата на Хоуп Хикс пред да […]

Курц ги откажа сите обврски, се  тестира за коронавирусот 


Австрискиот канцелар Себастијан Курц ги откажа сите денешни обврски и беше тестиран за новиот коронавирус, откако беше утврдено дека негов неименуван близок колега бил позитивен на Ковид-19, изјави денеска неговиот портпарол. Вицеканцеларот Вернер Коглер ги презеде истите мерки на претпазливост, а исто така е тестиран и персоналот на Себастијан Курц, рече портпаролот, додавајќи дека Курц […]

СЗО: Десет проценти од населението може да биде заразено со коронавирусот


Швајцарија – Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за итни ситуации, доктор Мајкл Рајан, денеска изјави дека, според неговите најдобри проценки, приближно едно од 10 лица низ целиот свет може да биде заразено со коронавирусот. Говорејќи на состанокот на извршниот одбор, посветен на Ковид-19, Рајан рече дека податоците се разликуваат од урбани до рурални области и меѓу различни […]

Литванскиот министер за надворешни работи Линкевичиус во самоизолација


Литванија – Литванскиот министер за надворешни работи, Линас Линкевичиус, објави дека оди во самоизолација по состаноците со членовите на делегацијата во придружба на францускиот претседател, кои беа тестирани позитивни на коронавирусот по посетата на Макрон на балтичките земји. Литванскиот министер за надворешни работи беше присутен на разни официјални настани за време на дводневната посета на францускиот […]

Што се случува со вашето тело кога ќе примите Ремдесивир?


САД- Во изминатите неколку дена, грижата за претседателот Доналд Трамп беше вообичаена дискусија за сите. Со извештаите дека бил на различни лекови и третмани, било тешко да се утврди колку добро се чувствува. Оваа конфузија може да доведе и до сомневање и загриженост за грижата што ја добива претседателот. Како лекар за итни случаи, открив […]

Реално шоу во болницата „Валтер Рид“ – Трамп потпишувал празни хартии


Иако е потврдено дека има коронавирусна инфекција, Доналд Трамп беше фотографиран во медицинскиот центар „Валтер Рид“ додека потпишуваше „важен документ“ за да му покаже на светот дека сè уште работи напорно, но се покажа дека американскиот претседател всушност не потпишал ништо затоа што хартијата на неговото биро била – празна! Ова го забележаа корисниците на […]

Пронајден мртов познат норвешки антиисламски десничар


Во својот дом во норвешкиот град Кристијансанд е пронајден мртов Дан-Аивинд Лид (48), член на антиисламската крајно десничарска група СИОН, јави норвешката телевизија НРК. Претставникот на полицијата во Кристијансанд, Хенрик Буган Хегдал, соопшти дека Лид на телото имал повреди и дека полицијата почнала истрага за сомнение за убиство. Еивинд Лид во август годинава учествуваше во […]

Меланија нема да го посети Трамп за да не го зарази персоналот


САД – Сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, Меланија, која исто така е заразени со коронавирусот, нема да го посети својот сопруг во болница поради ризик за вработените. Првата дама на САД остана во Белата куќа, јави Ен-Би-Си Њуз. – Таа има ковид. Нешто такво би ги изложило агентите што ја возат и медицинскиот персонал кој […]

Нобелова награда за медицина за тројца научници за откривање на вирусот на хепатитис Ц


Шведска– Нобеловата награда за медицина годинава им припадна на Харви Алтер, Мајкл Хаутон и Чарлс Рајс за откривање на вирусот на хепатит Ц, објави Нобеловиот комитет на Шведската кралска академија на науките. Светската здравствена организација проценува дека има над 70 милиони случаи на хепатитис ширум светот и 400 000 смртни случаи секоја година. Болеста е […]

Во Италија 1.000 ученици заразени со корона вирус


  Во последното деноноќие во Италија забележан е благ пад на бројот новозаразени во однос на претходниот ден, но најверојатно тоа се должи на тоа што за викенд се вршат помалку тестирања. Има благ пад и на бројот починати, имено вчера починале 18 пациенти. Од почетокот на пандемијата во Италија вкупно се заразени 325.329 лица, […]

Ирците планираат воведување четиринеделен карантин


  Највисоките ирски здравствени функционери препорачаа до владата да воведе втор национален карантин во земјата во траење од четири недели, за што владата треба да расправа во понеделник, велат два владини извори. Посебен ирски тим од Заводот за јавно здравство препорачува ограничувањата поврзани до Ковид-19 да се подигнат на 5-то ниво од сегашното второ, во […]

Трамп лут на шефот на кабинет на Белата куќа поради изјава за неговата здравствена состојба


Американскиот претседател, Доналд Трамп, му бил многу лут на шефот на кабинет на Белата куќа, Марк Медоуз, затоа што ги демантирал тврдењата на медицинскиот тим на Белата куќа за неговата здравствена состојба. Си-Ен-Ен дозна дека Медоус од два извора е опишан како „доверливиот анонимен извор во Белата куќа“, кој, во неформален разговор со новинарите, изразил […]