Полицијата во последен момент спречи нов напад во Франција, трет денеска


 

Француската полиција денеска уапси маж вооружен со нож кај црква во Сартровил, а се верува дека имал намера да изврши терористички напад.

Според француските медиуми, мажот е уапсен околу 13 часот, а изгледа дека сакал да изврши сличен напад како оној што порано денеска се случи во Ница, кога исламист со нож уби најмалку три лица.

Медиумите наведуваат дека полицијата ја алармирал таткото на потенцијалниот напаѓач во Сартровил, па полицијата поитала кон црквата и го уапсила.

Состојбата на тревога е на највисоко ниво

Поради серијата терористички напади во Франција состојбата на подготвеност е подигната на највисоко ниво.

Денеска имено, се случија два терористички напади во Франција.

Во Ница, напаѓач кој извикувал Алаху акбар ѝ ја откина главата на една жена и уби уште двајца, додека во одвоен инцидент полицијата уби маж кој на минувачите им се заканувал со пиштол.

Исто така, во Саудиска Арабија со нож беше полесно повреден стражар пред францускиот конзулат, а напаѓачот беше уапсен.

Фрацуски дипломати потврдија дека стражарот е во болница и не му е загрозен животот.

Пратениците во парламентот денешната седница ја почнаа сао минута молчење, а градоначалничката на Париз Ан Идалго порача дека Ница може да смета на Париз.

Претставникот на Францускиот совет за музлиманска вера остро го осуди нападот. Тој повика во знак на солидарност муслиманите во Франција да го откажат славењето на празникот Мелвуд (празник со кој се слави раѓањето на пророкот Мухамед и се слави овој четврток).

Методите на нападите се поклопуваат со оние против професорто Самуел Пати, оцени градоначаникот на Ница.

Денешните напади се случија во време која Франција уште не се опоравиа од убиството на професорот Пати кого 18-годишен муслим од чеченско потекло му ја отсече главата откако на учениците им покажувал карикатури од пророкот Мухамед.

Не е познато дали денешните напади се поврзани со карикатури на пророкот Мухамед, на што муслиманите се особено сензитивни.

Француските власти по убиството на Пати повторно потврдија дека има право да се прикажуваат карикатури од пророкот кои беа носени на маршевите на солидарност со убиениот професор.

Тоа ги разбесни муслиманските земји, а некои влади го обвинија Макрон за противисламистичка агенда.

Повеќе муслимански земји повеќе не продаваат француски производи, а оние кои веќе ги имаат, ги повикуваат купувачите да не го купуваат.