Шведскиот модел на тест: Речиси 2.000 новозаразени за нов рекорд

 

Во Шведска во последните 24 часа регистрирани се 1.980 нови случаи со корона вирус, што е најмногу во еден ден, од почетокот на пандемијата, покажуваат податоците на министерството за здравство.

Здравствените стручњаци, укажуваат дека на врвот на епидемијата во текот на пролетта веројатно имало многу повеќе заразени, но тоа не е забележано поради недостаток на тестови во тоа време.

Починаа уште девет лица, со што вкупниот број смртни случаи порасна на 5.927, пренесе Ројтерс.

Стапката на смртност од корона вирус во Шведска е неколкупати повисока отколку кај нејзините нордиски соседи, но сепак е помала од поголемите европски земји како што се Шпанија и Британија.

За разлика од другите земји Шведска не воведе строги мерки за спречување на ширењето на корона вирусот.