Над 500 смртни случаи во Франција, регистрирани 33.417 нови случаи на заразени со Ковид-19


Во изминатите 24 часа регистрирани се 33.417 нови случаи на коронавирусот, според податоците на Јавното здравство на Франција и Министерството за здравство. Ден претходно, 26.771 лице биле позитивни на тестот. Вкупно, издадени се 1.198.695 позитивни тестови од избувнувањето на епидемијата во Франција, јави дописникот на МИА.

Во изминатото деноноќие починаа 523 лица, со што бројот на починатите од почетокот на епидемијата достигна 35.541 лице.

Додека премиерот Жан Кастекс вечерва имаше средба со претставниците на мнозинството и опозицијата изјави дека новите мерки се „неопходни“, Емануел Макрон утревечер, за време телевизиското обраќање до нацијата, ќе ги претстави новите уште порестриктивни мерки за борба против коронавирусот.

Овие нови ограничувања, што можат да доведат до целосни мерки на карантин на ниво на цела држава, ќе бидат решени утре изутрина за време на Советот за одбрана пред Советот на министри.