Лавров во самоизолација


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе биде во самоизолација поради контакт со лице позитивно на корона вирусот, а сите закажани посети и состаноци ќе бидат одложени, објави прес-службата на руското Министерство за надворешни работи. „Сите претходно закажани посети и состаноци ќе бидат одложени. Тој се чувствува добро“, соопшти Министерството. Лавров утре требаше да […]

Белгија прва во ЕУ по стапка на заразени од Ковид-19


Последните податоци на Европскиот центар за спречување на болести покажуваат дека Белгија е сега на прво места по стапка на заразени во ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. Стапката е 1.390,9 случаи на коронавирус за 14 дена на 100 илјади жители, што е повеќе од Чешка, која до сега беше рекордер. Последните бројки на белгискиот Институт […]

Зошто некои луѓе тешко се разболуваат, а други лесно се опоравуваат – одговорот е во имунолошкиот систем


Студиите на пациенти со тешки случаи на Ковид-19 покажуваат дека имунолошкиот систем нема вообичаен координиран одговор   Научниците почнуваат да откриваатт една од најсложените биолошки мистерии на пандемијата на корона вирусот: зошто некои луѓе се разболуваат, додека други брзо се опоравуваат? Кај одредени пациенти, според серија на неодамнешни студии, вирусот се чини дека го прави […]

Студија: Загадувањето на воздухот може да ја зголеми смртноста од Ковид-19 за 15 отсто


Францијс – Долготрајната изложеност на загадување на воздухот може да доведе до зголемување на ризикот од смрт од Ковид-19 во светот во просек за околу 15 проценти, покажува денеска објавено меѓународно истражување. Студија објавена во списанието „Кардиоваскјулар рисерч“ (Cardiovascular Research) се обидува да процени до кој степен загадувањето на воздухот, кое веќе предизвикува предвремена смрт, може […]

Кому и колку должи Доналд Трамп?


Колку пари должи американскиот претседател Доналд Трамп на различни фронтови? Проценките велат не помалку од 1,1 милијарда долари. Сепак, практично целиот долг, во согласност со обелоденувањата на неговите власти и разни документи, е поддржан од реален имот, претежно поврзан со разни згради и голф-програми кои се јадрото на империјата на Трамп. Околу 900 милиони долари […]

Потпретседателот на Европската комисија, Схинас позитивен на Ковид-19


Потпретседателот на Европската Комисија, Маргаритис Схинас, на Твитер, соопшти дека е позитивен на Ковид-19. – Штотуку дознав дека мојот редовно закажан тест за Ковид-19, пред Колеџот на комесари, е позитивен. Отсега ќе бидам во самоизолација како што е правилото, останете безбедни, твитна Схинас. Еврокомесарите се тестираат за Ковид-19 пред секоја редовна средба на Колеџот која […]

Европа пред затворање – Французите очекуваат 100.000, Меркел вели – вака не може


Низа држави во Европа се на раб на затворање, поради константниот пораст на бројот новозаразени со корона вирус. „Локдаун“ веќе е воведен во Белгија, Ирска и во Велс. Исто така, вонредна состојба е прогласена во Шпанија и во Италија, додека полициски час има во италија и во Чешка. Пред губење на контролата е и Германија, […]

Ејми Кони Берет положи заклетва за судија на Врховен суд на САД


Ејми Кони Берет положи заклетва за судија на Врховниот суд на САД, откако Сенатот ја потврди нејзината номинација со 52 гласа „за“ и 48 „против“. Републиканската сенаторка Сузан Колинс од Мејн е единствената која им се придружила на сите демократи во Сенатот, гласајќи против номинацијата на Берет. Таа изјавила дека не може да го даде […]

(ВИДЕО) Проговори братот на еден од умрените во контејнерот во Парагвај


Алжирецот Мохамед Оухерхер, брат на Сидахмед Оухерхер – еден од седумте мртви лица кои се нашле во контејнерот на патот од Србија кон Парагвај, вели дека дестинацијата на „слепите патници“ требала да биде Италија, а не Јужна Америка. Мохамед за телевизијата „Бахо ла Лупа“ изјавил дека неговиот помлад брат детално го претставил својот план пред […]

Сопругата на ерменскиот премиер посетува воена обука, ќе оди на фронт


– Ана Хакобијан, сопругата на ерменскиот премиер Никол Пашињан, најави дека од денеска ќе посетува воена обука, заедно со уште 12 жени и ќе отиде во Нагорно-Карабах. – Одред од 13 жени, вклучително и мене, почнува воена обука. За неколку дена тргнуваме да помогнеме во заштита на нашите граници. Ниту нашата татковина ниту нашето достоинство […]

Протести во Италија поради мерките против Ковид-19


Италија – Во повеќе италијански градови се одржаа протести поради владините мерки против новиот коронавирус, а на неколку собири се случиле и судири меѓу демонстрантите и полицијата. Весникот „Република“ пишува дека ситуацијата во некои градови ескалирала, а за тоа значајно влијаеле екстремистички групи. Одделни демонстранти ја гаѓале полицијата со петарди и шишиња, а во Милано фрлале […]

Евакуирани 60.000 луѓе поради шумски пожар во Калифорнија


САД – Поради шумскиот пожар евакуирани се 60.000 луѓе во јужна Калифорнија, а поради силниот ветер исклучена е електричната енергија во неколку стотици илјади домови за да се спречи кинење на далеководите и потенцијално нови пожари. Пожарот изби на брдото во близна на градот Ервајн, на околу 60 километри југоисточно од Лос Анџелес. Во Калиформија во […]

Фаучи вели дека САД уште се во првиот бран инфекции на короната


Д-р Ентони Фаучи, врвен владин експерт на САД за заразни болести, рече дека земјата сè уште го доживува својот прв бран инфекции со корона вирусот, бидејќи случаи има во десетици држави. „Повеќе гледам на тоа како издолжување на првичниот прв бран“, изјави Фаучи за „Ѕаху фајнанс“ денес. САД поставија еднодневен рекорд за нови случаи за […]

Лекари во Белгија заразени со Ковид-19 повикани да се вратат на работа – следи колапс


Доктори кои се заразени со корона вирус во белгискиот град Лиеж замолени се да продолжат со работа за да се избегне здравствен колапс. Четвртина од здравствениот персонал во Лиеж се заразени со корона вирусот, а денеска десет болници во тој град од заразениот персонал побара да продолжи со работа доколку немаат никакви симптоми, пренесе Би-би-си. […]

До 2050 во Јапонија нема да има штетни гасови, најави премиерот Суга


Јапонскиот премиер Јошихиде Суга денеска претстави план според кој земјата до 2050 година треба да ја постигне целта за нула емисии на штетни гасови кои се одговорни за глобалното затоплување. Претходната јапонска Влада постави цел да ги намали емисиите на штетни гасови за 80 проценти до 2050 година. – Треба да го смениме нашиот пристап, рече новиот јапонски премиер, презентирајќи […]

На една недела до изборите во САД, Бајден во предност пред Трамп и во „колебливите“ држави


Во САД останува уште една недела кампања за претседателските избори на 3 ноември. Според резултатите на голем број анкети, и нивни агрегатори, како „RealClearpolitcs“ на пример, демократскиот кандидат Џо Бајден успеа да ја сочува предноста во однос на Доналд Трамп, како на национално ниво, така и во „колебливите“ држави, од кои зависи изборот на претседател на САД. Според Њујорк тајмс, Трамп, […]

Во САД 63.195 новозаразени, починале 380 лица


Американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) денеска регистрира 63.195 нови случаи на коронавирус и 380 смртни случаи од Ковид-19. Вкупниот број на заразени во САД достигна 8.617.022. Според ЦДЦ, вкупниот број на починати од Ковид-19н се искачи на 224.601.

Францускиот научен совет проценува дека „дневно има околу 100.000 случаи“ заразени со Ковид-19


Според јавното здравство на Франција, минатиот викенд во земјата беа откриени околу 100.000 нови случаи за два дена, но според претседателот на Францускиот научени совет Жан-Франсоа Делфреси смета дека ако се земи предвид бројката на недијагностицирани случаи, бројот на заразени би можел да биде двојно поголем, јави дописникот на МИА. Според бројките на Јавното здравство Франција објавени […]

Бројот на излекувани од Ковид-19 во светот надмина 32 милиони


САД– Бројот на лица излекувани од Ковид-19 во светот надмина 32 милиони, според податоците на веб-страницата „Ворлдметер“ („Worldometers”). Досега, 32001.313 пациенти биле излекувани од коронавирус во светот, односно 96 проценти од 43.520.941 од сите евидентирани случаи. Од последиците на Ковид-19 досега починале 1.161.360 лица, што е четири проценти од вкупниот број пациенти. Во моментов има 10.358.268 […]

Мас: Изјавите на Ердоган за Макрон се најлоши досега


Германскиот министер за надворешни работи Хаико Мас денеска ги осуди изјавите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за францускиот претседател Емануел Макрон како најлоши досега. На прес-конференцијата што ја одржа заедно со претседателот на Агенцијата за атомска енергија, Мас рече дека германската Влада е солидарна со својот европски сосед во борбата против исламскиот екстремизам. Ердоган изминатиот викенд […]