Лекари во Белгија заразени со Ковид-19 повикани да се вратат на работа – следи колапс


Доктори кои се заразени со корона вирус во белгискиот град Лиеж замолени се да продолжат со работа за да се избегне здравствен колапс.

Четвртина од здравствениот персонал во Лиеж се заразени со корона вирусот, а денеска десет болници во тој град од заразениот персонал побара да продолжи со работа доколку немаат никакви симптоми, пренесе Би-би-си.

Лидерот на белгиското Здружение на медицински синдикати, доктор Фелипе Девос, вели дека немаат избор ако сакаат да спречат колапс на здравствениот систем во рок од неколку дена.

Девос вели дека постои ризик заразените медициснки лица да заразат други пациенти, но дека ситуацијата е сериозна и немаат друг избор.

Болниците префрлаат пациенти во други здравствени установи и откажуваат операции кои не се итни. Се се случува во неколку дена откако министерот за здравство Франк Ванденбрук најави дека земјата се ближи со „цунами од инфекции“, додавајќи дека властите не можат повеќе да ја контролираат ситуацијата.

Одлуката во Лиж доаѓа кога цела Европа се бори со пораст на новозаболени.