Евакуирани 60.000 луѓе поради шумски пожар во Калифорнија


САД – Поради шумскиот пожар евакуирани се 60.000 луѓе во јужна Калифорнија, а поради силниот ветер исклучена е електричната енергија во неколку стотици илјади домови за да се спречи кинење на далеководите и потенцијално нови пожари.

Пожарот изби на брдото во близна на градот Ервајн, на околу 60 километри југоисточно од Лос Анџелес.

Во Калиформија во пожари годинава изгореа околу 17.000 километри квадратни. Некои од големите пожари што избија во август сеуште не се изгаснат во целост.