Европа пред затворање – Французите очекуваат 100.000, Меркел вели – вака не може


Низа држави во Европа се на раб на затворање, поради константниот пораст на бројот новозаразени со корона вирус. „Локдаун“ веќе е воведен во Белгија, Ирска и во Велс.

Исто така, вонредна состојба е прогласена во Шпанија и во Италија, додека полициски час има во италија и во Чешка. Пред губење на контролата е и Германија, која денеска забележа нов рекорд новозаразени од повеќе од 10.000 случаи.

– Пред многу тешки месеци стоиме, предупреди германската канцеларка Ангела Меркел, пренесе „Билд“. – Вака нема да може понатаму – рече таа пред нејзините сопартијци.

Слично е и во Франција, Италија, Холандија, Чешка, Австрија, Словенија, Белгија, Шпанија. Во десет дена бројот заразени двојно се зголеми, цифрите се рекордни, се најавува заострување на мерките и таму каде веќе е воведен „локдаун“.

Франција предупреди дека може да одат и до 100.000 новозаразени дневно. Претходниот неславе рекорд им беше 52.010 за еден ден, пенесе Јутарњи.

Класиечен „локдаун’ имаат Белгија, Ирска и Велс. Вонредна состојба има во Шпанија и во Франција, а австрискиот канцелар Себастијан Курц најави дека не е исклучен втор „локдаун“. За тоа ќе одлучи бројката на пациенти во болниците.

Дефинитивно земја со најмногу заразени по број на жители е Чешка. Шремиерот Андреј Бабиш најави продолжување на вонредната состојба. „Ако не се случи чудо, ништо друго не ни преостанува освен заострување на мерките“, вели тој.

Веќе се затворени училиштата и повеќето продавници, а многу Чеси не се придржуваат до мерките.

Словенија објави дека од денеска граѓаните не смеат да го напуштаат местото каде живеат освен во нужда. Порано не смееја да го напуштат поширокиот регион, со полициски час од 21 до 6 часот наутро. Од викендот се затворени хотелите и сите продавници освен прехранбените.

Делотворноста на затворањето се покажа во Израел, каде децата постепено се враќаат во училиште, откако четири седмици бројот на новозаразени од повеќе од 9.000 падна на 2.000. Бројката и натаму паѓа, па во саботата беа забележани 692 заразени.