(Фото) Путин го пречека претседателот на Мозамбик висок 204 см. и поттикна коментари на социјалните мрежи


Фотографијата од рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на Мозамбик, Даниел Чапо, привлече внимание на социјалните мрежи поради големата разлика во нивната висина. Двајцата државници се сретнаа во вторник во Москва, каде што Русија беше домаќин на осмиот самит на Форумот на земјите извознички на гас (GECF).

Даниел Чапо, според медиумите, е висок 204 сантиметри, додека висината на Путин се проценува на околу 170 сантиметри. Разликата меѓу двајцата е речиси 35 сантиметри, што е особено забележливо на заедничките фотографии.

На фотографијата, Чапо стои до Путин и, поради неговата висина, значително се извишува над рускиот претседател, па токму оваа сцена го привлече вниманието на корисниците на социјалните мрежи.

Социјалната мрежа X беше преплавена со коментари за висината на Путин, а имаше и многу шеги.

„Гуливеровите патувања во Москва“ и „Не пропуштајте го фактот дека овој хобит дури и носи штикли 🤣“, напишаа корисниците на X.

Во основа, потсмевањето е бесконечно.