Германија има рекорден број новозаразени, денеска одлучуваат за нови мерки


 

Германија има нов дневен рекорд на новозаразени со корона вирус – 14.964, според податоците од Институт „Роберт Кох“.

Во рок од 24 часа починале 85 пациенти

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска треба да се сретне си премерите на сојузните држави, а на маса се новите построги мерки.

Германските медиуми јавуваат дека Меркел сака да ги затвори кафулињата, рестораните, теретаните, музеите и кината.

Би работеле градинките, училиштата и маркетите. Состанокот би требало да почне во 13 часот, а во попладневните часови ќе се знае исходот од состанокот за новите мерки.