Објавена мапа на американските напади врз Иран


Институтот за проучување на војната (ISW) објави мапа и анализа на синоќешните американски воздушни напади врз цели во јужен Иран, што дојде како директен одговор на иранскиот напад врз американските разурнувачи во Ормускиот теснец. Централната команда на САД (CENTCOM) потврди дека нејзините сили ја „елиминирале дојдовната закана“ и ги нападнале иранските воени објекти одговорни за […]

САД и Иран меѓусебно се обвинуваат за нарушување на примирјето во Ормуската Теснина


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека три разурнувачи на американската морнарица биле под оган додека минувале низ Ормуската Теснина. Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social) наведе дека разурнувачите не претрпеле штета, но дека им биле нанесени „сериозни загуби на иранските напаѓачи“. „Три американски разорувачи од светска класа штотуку транзитираа, многу успешно, од […]

Судот ги прогласи царините на Трамп од 10 отсто за нелегални


Федерален суд ги прогласи за нелегални царините од 10% на претседателот Доналд Трамп за сите стоки, што е втор голем удар врз неговите клучни економски политики оваа година. Судскиот совет на Американскиот суд за меѓународна трговија во четвртокот со гласање од 2 спрема 1 пресуди дека администрацијата на Трамп нема законско оправдување за воведување царини, […]

Шпанската полиција заплени рекордни 30 тони кокаин на товарен брод


Шпанската полиција заплени рекордни 30 тони кокаин што биле транспортирани со товарен брод во близина на бреговите на Африка, соопштија вчера судските власти, јави ДПА. Шпанските власти нагласија дека ова е најголемата поединечна пратка наркотици запленета некогаш во светот. Операцијата за пресретнување на бродот е спроведена во соработка со американските власти и со холандската полиција. […]

Техеран тврди дека им нанел значителна штета на американски пловни објекти по нападот врз танкер


Американски военоморски единици, кои дејствуваат во реонот на Ормуската Теснина, се нашле под ирански ракетен оган откако САД нападнаа ирански нафтен танкер, објави иранската државна радиотелевизија. Иранските медиуми пренесуваат дека американските воени пловни објекти биле принудени да се повлечат откако претрпеле значителни штети при иранските ракетни удари. Засега не е јасно кога точно се случил […]

Иранските медиуми јавија за експлозии кај Бандар Абас и на островот Кешм; „Фокс њуз“ тврди дека станува збор за американски напади


Иранската агенција Фарс соопшти дека биле слушнати неколку експлозии во близина на градот Бандар Абас, додавајќи дека потеклото и точната локација на детонациите засега не се познати, пренесе Ројтерс. Во меѓувреме, агенцијата Мехр јави дека одекнале експлозии и на островот Кешм, кој се наоѓа наспроти Бандар Абас во Ормуската Теснина. Американските вооружени сили денеска ги […]

Трамп: ЕУ има рок до 4 јули за трговскиот договор, во спротивно следуваат повисоки царини


Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека телефонски разговарал со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, и додаде дека на Европската Унија ѝ дал рок до 4 јули да го исполни својот дел од трговскиот договор со САД, во спротивно американските царини за европскиот блок ќе достигнат значително повисоки нивоа. Трамп разговорот со Фон […]

Вадефул: Иран не смее да се здобие со нуклеарно оружје


 Шефот на германската дипломатија, Јохан Вадефул, денеска изјави дека Берлин ја поддржува целта на САД да го спречат Иран да се здобие со нуклеарно оружје и оцени дека досегашните американски акции значително ги ослабнаа иранските ракетни капацитети. Во интервју за Блумберг, Вадефул рече дека односите меѓу Берлин и Вашингтон, и покрај несогласувањата меѓу американскиот претседател […]

Ова е слика од вештачка интелигенција објавена од Трамп


Вашингтон – Доналд Трамп објави нов цртан филм генериран од вештачка интелигенција на неговата платформа Truth Social. Сликата се потсмева на администрацијата на неговиот претходник, Џо Бајден. Сликата го прикажува Бајден во пругасти пижами како спие на своето биро во Овалната соба, со стопен сад со сладолед пред него, честа референца на Трамп за омилениот […]

Двајца кинески поранешни министри за одбрана осудени на смрт со одложување поради корупција


Кинескиот воен суд денеска осуди двајца поранешни министри за одбрана на смрт поради корупцијата со двогодишно одложување. Според судските одлуки, Веи Фенгхе е прогласен за виновен за примање мито, додека Ли Шангфу е осуден за кривичните дела и за примање и за давање мито. Нивниот личен имот ќе биде конфискуван. Судот изјави дека нема да […]

Владеечкото семејство на ОАЕ „спие“ на нафта, а добива земјоделски субвенции од ЕУ


Владејачкото кралско семејство на Обединетите Арапски Емирати Ал Нахјан искористило  десетици милиони евра субвенции од ЕУ за одгледување култури наменети за Заливот. Прекугранична истрага на DeSmog  споделена со Гардијан откри дека подружниците контролирани од Ал Нахјанс собрале повеќе од 71 милион евра (61 милион фунти) за шест години за земјоделско земјиште што го контролираат во […]

ЕУ лани регистрирала 540 обиди за странско мешање, често поврзани со Русија и Кина


Европската Унија во текот на минатата година регистрирала 540 обиди за странско мешање, при што во 29 проценти од случаите сторителите биле поврзани со Русија, а во шест проценти со Кина, изјави Тадеуш Гжегожевски, раководител на Одделот за информативна безбедност и спротивставување на странско мешање при Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС). Гжегожевски ова го […]

Захарова се заканува: Ако Украина нападне на денот на парадата, Русија ќе удри на институциите во Киев


Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека доколку Украина ги спроведе своите криминални планови во текот на деновите на прославата на Големата победа, руските вооружени сили ќе започнат одмазднички удар, вклучително и врз центрите за донесување одлуки. Ова го соопшти прес-службата на руското Министерство за надворешни работи. Според Захарова, Министерството за […]

Поранешниот градоначалник на Њујорк, Џулијани, пуштен од интензивна нега


Поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани, е префрлен од одделот за интензивна нега на обично одделение, но ќе остане во болница до целосното закрепнување, изјави неговиот портпарол Тед Гудман. Осумдесет и едногодишниот Џулијани бe[e хоспитализиран во критична состојба поради воспаление на белите дробови. Гудман истакна дека градоначалникот и неговото семејство се благодарни за поддршката и […]

Европската Унија има нови правила за возачки дозволи


Европскиот парламент гласаше за пакет нови правила за возачки дозволи што ќе важат низ целата Европска Унија. Реформата носи дигитални возачки дозволи, построги правила за сообраќајните прекршители и пониска старосна граница за професионалните возачи, сето тоа со цел зголемување на безбедноста на патиштата и хармонизирање на прописите. Се очекува целосната имплементација да биде постепена, а […]

Преговарачите на ЕУ не успеаја да постигнат спогодба за трговскиот договор со САД


Разговорите меѓу пратениците на Европската унија и владите за спроведување на трговскиот договор со Соединетите Американски Држави завршија без напредок во среда навечер. Исходот се заканува да го налути американскиот претседател Доналд Трамп, кој се закани дека ќе воведе царини од 25 проценти на европските автомобили ако ЕУ не успее да го спроведе трансатлантскиот трговски […]

Локални избори во Англија и парламентарни избори во Велс и Шкотска – прв голем тест за Стармер


Лабуристичката партија на британскиot премиер Кир Стармер денеска би можела да биде казнета од гласачите на локалните избори, на кои милиони граѓани се очекува да се насочат кон крајнодесничарската партија „Реформирај го Обединетото Кралство“ или кон радикално левата Зелена партија, оценуваат локални медиуми. Откако се врати на власт во јули 2024 година по 14 години […]

Северна Кореја: Не сме обврзани со договорите за неширење нуклеарно оружје


Северна Кореја не е обврзана со ниту еден договор за неширење нуклеарно оружје, се наведува во соопштение објавено од севернокорејската агенција КЦТА. Ким Сон, постојан претставник на Северна Кореја во Обединетите нации, изјави дека САД и неколку други држави „ја загадуваат атмосферата“ на 11. Конференција за ревизија на Договорот за неширење нуклеарно оружје, што се […]

Федерален судија објави наводна проштална белешка на Џефри Епштајн


Федерален судија од Њујорк објави документ опишан како проштална белешка, за која се тврди дека ја напишал Џефри Епштајн и во која се наведува: „Убаво е да можеш сам да го избереш моментот кога ќе кажеш збогум“. Епштајн, дискредитираниот финансиски инвеститор обвинет за сексуална трговија со малолетнички, беше пронајден мртов во својата ќелија во затвор […]

Евакуацијата од крузерот погоден од хантавирус ќе започне в понеделник од Тенерифе


Евакуацијата на патниците од крузерот на кој избувна епидемија на хантавирус ќе започне в понеделник од Тенерифе на Канарските Острови, соопшти шпанското Министерство за внатрешни работи. Се очекува бродот да пристигне на Канарските Острови во сабота. Тенерифе е најблиското пристаниште до кое моментално се наоѓа крузерот. Во меѓувреме, аргентинските власти соопштија дека холандската двојка која […]