Поранешниот градоначалник на Њујорк, Џулијани, пуштен од интензивна нега


Поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани, е префрлен од одделот за интензивна нега на обично одделение, но ќе остане во болница до целосното закрепнување, изјави неговиот портпарол Тед Гудман.

Осумдесет и едногодишниот Џулијани бe[e хоспитализиран во критична состојба поради воспаление на белите дробови. Гудман истакна дека градоначалникот и неговото семејство се благодарни за поддршката и молитвите.

Џулијани се стекна со светска слава во 2001 година кога раководеше со Њујорк за време на терористичките напади на 11 септември. Подоцна одигра клучна улога во политичкиот живот како сојузник и личен адвокат на Доналд Трамп. По претседателските избори во 2020 година, тој беше меѓу главните заговорници на тврдењата за нерегуларности во изборниот процес, наведува Би-би-си.