РК Вардар одлучи влезот за дербито против ГРК Охрид да биде бесплатен!


Раководството на лидерот во македонскиот ракометен шампионат, РК Вардар, одлучи, влезот за дербито со ГРК Охрид да биде бесплатен. – На 2 април, во 18 часот, во големата сала на СЦ „Јане Сандански“, клубот го очекува натпревар кој може да биде клучен во трката за шампионската титула. На тој натпревар влезот е слободен за сите. […]

Четири медали за македонските каратисти на „Златен појас“ во Чачак


На Меѓународниот карате турнир „Златен појас“ одржан викендот во Чачак, Србија, настапија и 15 македонски каратисти. Тие освоија четири медали.  Андреј Стојчевски во категоријата -60 кг освои сребрен медал, додека членовите на Макпетрол, Петар заборски (-75 кг), Викторија Јовановска (-68 кг) и Јована Мицовска (-61 кг) с езакитија со бронзени медали. На турнирот во Чачак, […]

Синнер го освои Мајами Опен


Мајами – Италијанскиот тенисер Јаник Синер го победи Чехот Јиржи Лехечка синоќа во финалето на Мастерсот во Мајами. Мечот траеше 1 час и 34 минути и заврши со резултат 6:4 и 6:4.  Дваесет и четиригодишниот Синер (рангиран број 2 во светот) сервираше 10 аса, направи една двојна грешка и реализираше две од 11 брејк топки.  Неговиот […]

Тудор и Тотенхем се договорија за прекин на соработката


Лондон – Хрватскиот тренер Игор Тудор и премиерлигашот Тотенхем се договорија за прекин на соработката. Воедно се заминувањето на Тудор заминуваат и неговите помошници Томислав Рогиќ и Рикардо Рагначи. Оваа тројка изминативе шест недели беше на клупата на Тотенхем. Во кусото соопштение од клубот од Лондон пишува: „Се заблагодаруваме на Игор, Томислав и Рикардо за нивната […]

ГРК Охрид ја освои Атина – совладан Олимпијакос


 Ракометарите на ГРК Охрид ја постигнаа и седмата победа сезонава во ЕХФ Европскиот куп откако попладнево во Атина го победија Олимпијакос во првиот четвртфинален натпревар со 31:26. Македонскиот претставник има максимален ефект во европскиот куп и седум победи од седум натпревари. Ракометарите на ГРК Охрид од самиот почеток покажаа дека се подготвени за триумф и […]

Трајковски кажа „збогум“ на репрезентацијата


 Голот против Италија во Палермо ќе остане засекогаш запишан во фудбалската историја на македонскиот фудбал, а стрелецот Александар Трајковски по случувањата на дуелот со Данска реши да стави крај на репрезентативната кариера. Во своето обраќање на социјалните мрежи напиша: „Денес стојам пред вас со срце полно емоции … Од првиот ден кога го облеков дресот, […]

Стадионот во Приштина е премал да ги прими сите заинтересирани за дуелот Косово – Турција


Приштина – Фудбалската треска на Косово станува сè поголема во пресрет на бараж дуелот Косово – Турција што ќе се игра на 31.март (вторник). Домаќинот Фудбалската федерација на Косово се соочува со сериозен проблем. Капацитетот на стадионот „Фадиљ Вокри“ е 14.000 места, а побарувањата за влезници се десет пати поголеми и дека стадион со капацитет од […]

Нова пресметка на големите ривали во македонската кошарка МЗТ Скопје А. – Работнички


Со натпреварот меѓу големите ривали на мак-баскетот МЗТ Скопје Аеродром и Работнички што се игра вечерва во СЦ „Јане Сандански“ ќе биде комплетирано 21.коло од МТел Супер лигата. Натпреварот е од исклучителна важност да двете екипи особено што бодовите се пренесуваат и во следната фаза од натпреварувањето. Актуелниот првак МЗТ Скопје А. е второпласиран и […]

Сабаленка со победничкиот пехар на Мастерсот во Мајами


Мајами – Арина Сабаленка успеа да триумфира на Мастерсот во Мајами и со тоа направи голем подвиг. Таа во две недели победи на Мастерс турнирите во Индијан Велс и Мајами и на двата турнира на сите мечеви загуби само два сета. Сабаленка во финалето ја победи Американката Коко Гоф со 2:1 во сетови (6:2; 4:6 […]

Петто издание на трката „Водно 10К“ утре во Скопје


Атлетскиот клуб „Фортиус“ од Скопје утре го организира петтото издание на трката „Водно 10К” на која ќе учествуваат 500 натпреварувачи. Стартот на трката е во 10 часот на долниот паркинг на Средно Водно, а рутата на движење на атлетската трка е по асфалтниот пат (Р2138) до манастирот „Св.Пантелејмон” и назад со вкупна должина од 9,6 […]

Финалето на Лигата на шампионите повеќе нема да биде исто, годинава, финалето во Будимпешта ќе се игра дење на денот


УЕФА одлучи дека финалето на Лигата на шампионите повеќе нема да се одржува ноќе. Почнувајќи од овогодинешното финале во Будимпешта на 30 мај, финалето на Лигата на шампионите повеќе нема да се игра во традиционалното време од 21:00 часот, туку натпреварот ќе започне во 18:00 часот по средноевропско време. УЕФА одлучи за овој револуционерен чекор […]

Олимписките солзи ги замени со светско злато; лизгачот се враќа на тронот


Американската ѕвезда во уметничко лизгање, Иља Малинин, ја освои својата трета последователна светска титула, еден месец откако не успеа да се квалификува за Зимските олимписки игри во Милано, каде што заврши на осмото место. 21-годишниот Малинин водеше низ целата чешка престолнина Прага и ја освои титулата со разлика од 22,73 поени пред својот јапонски ривал […]

Два ракометни суперлигашки дуела во Скопје


По паузата поради ЕХФ неделата и настапот на репрезентацијата ракометните суперлигаши со натпреварите од 3.коло од плеј офот го продолжуваат првенството. Сите три натпревари од оваа рунда ќе се играат во Скопје, но два се попладнево, а дербито во четврток. Во 18 часот е почетокот на дуелите Алкалоид – Тиквеш и Бутел – Еурофарм Пелистер, […]

Тајгер Вудс во затвор, уапсен е под сомнение за возење под дејство на алкохол по сообраќајна несреќа во Флорида


Голферската легенда Тајгер Вудс е во затвор откако беше уапсен во петок под сомнение за возење под дејство на алкохол, според шерифот на округот Мартин, Џон Буденсиек. Вудс возел Ленд Ровер и удрил во пикап што влечел мала приколка, изјави Буденсиек за новинарите. Судирот предизвикал Ленд Роверот на Вудс да се преврти на страна. „Нашите […]

Лудница во Словенија: Ника Превц прелета фантастични 242,5 метри и постави светски рекорд


  Словенците долго време ќе го паметат овој ден на Планица. Прво, Домен Превц ја оствари својата 14-та победа на Светскиот куп во сезоната со дури 20,1 поен повеќе од Јапонецот Рен Никаидо, а потоа дојде редот на девојките. Ника Превц блесна на првиот официјален тренинг. Неверојатната Словенка прелета неверојатни 242,5 метри во втората серија […]

Клоп: Салах е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња


 Поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, во суперлативи зборуваше за го нарече египетскиот репрезентативец Мохамед Салах, кој на лето ќе го напушти премиерлигашот од „Енфилд Роуд‘. Клоп и Салах соработуваа седум години во Ливерпул, период во кој клубот ја освои Премиер лигата и Лигата на шампиони. „Кога го тренирате, ги правите исти работи како и […]

Линдзи Вон ги покажа хируршките завои во луксузна тоалета за „Венити фер“


Линдзи Вон се „покрива“ со закрепнување. Легендата на алпското скијање, 41, се појави на најновата насловна страница на Vanity Fair  по месец ипол по катастрофалната несреќа на Зимските олимписки игри во Милано Кортина во 2026 година, која речиси ја чинеше левата нога. Фотографирана од фотографот Квил Лемонс во нејзиниот дом во Парк Сити, Јута, Вон […]

БиХ и Чешка по изведување пенали до финале на баражот за СП 2026


Репрезентациите на Босна и Херцеговина и на Чешка по изведувањето на пенали успеаја да се пласираат во финалето од баражот за пласман на Светското првенство 2026. Босна и Херцеговина на гости против Велс изедначи во финишот на дуелот со голот на Един Џеко, а потоа беа поуспешни „пеналџии“. Слична беше ситуацијата и на дуелот во […]

Седлоски: Сè се случи неверојатно брзо


Македонската фудбалска репрезентација со поразот од 4:0 од Данска во Копенхаген синоќа го заврши настапот во баражот за Светското првенство 2026. Во своето деби селекторот Гоце Седлоски имаше непријатно искуство, особено што по првиот дел резултатот беше 0:0, а на стартот на вториот дел за десет минути Данска постигна три гола. – Се распаднавме. Првиот […]

Слабо второ полувреме на македонските фудбалери за убедлив триумф на Данска во баражот


Македонските фудбалери не успеаја да изборат финале во баражот за СП 2026 откако вечерва во Копенхаген беа убедливо совладани од домаќинот Данска со 4:0. Избраниците на селекторот Гоце Седлоски беа конкурентни само во првиот дел од првото полувреме, а тоа што го најавија во завршницата на првото полувреме данските фудбалери го реализираа во вториот дел. […]