Брегалница се враќа во Првата лига, Скопје и Шкендија Арачиново ќе играат баражи


По триумфот од 7:0 во дуелот против прилепска Победа, фудбалерите на Брегалница од Штип го потврдија првото место на табелата во Втората македонската фудбалска лига и по две сезони повторно се враќаат во елитното друштво. Штипјани се на првата позиција со 71 бод колку што има и второпласираното Скопје, но благодарение на подобриот резултат во меѓусебните дуели.

Скопје во последното коло на домашен терен славеше над Детонит Плачковица со 5:1 и заедно со Шкендија Арачиново која триумфираше над Каменица Саса со 4:2 ќе играат бараж за евентуална промоција во Првата лига.

Второлигашката конкуренција ја напуштаат Вардар Неготино, Слога Виница, Преспа, Победа Прилеп и Големо Коњари додека бараж за опстанок бараж натпревари ќе играат Кожуф, Тетекс и Каменица Саса.