СП 2026: Тешко оди, нема договор ФИФА – Иран – САД на Мундијалот


Тихуана – Фудбалската федерација на Иран вторпат побара од ФИФА да им се овозможи два дена присуство на територија на САД (Лос Анџелес) како екипата би имала подобра подготовка за следниот дуел. Но, и ова барање на Иранците е одбиено, исто како и пред дуелот со Нов Зеланд. 

САД им дозволија на Иранците само 24 часа престој на нивна територија и потоа веднаш (што е можно побрзо) да се вратат во нивниот камп во Тихуана, Мексико. 

Натпреварот Иран – Белгија се игра в недела од 21 часот во Лос Анџелес.